Тројца жители на кривопаланечкото село Конопница вчера физички го нападнале, а потоа и го турнале од тераса А.С.(26) од истото село, при што тој се здобил со повреди. Од СВР-Куманово информираа дека настанот се случил синоќа, 35 минути пред полноќ.
– На 20 април 2025 во 23 часот и 25 минути полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка ги лишиле од слобода дваесет и шестгодишните Ј.А. и Н.К. како и Е.А., дваесет и петгодишен, сите од село Конопница, кривопаланечко. Лицата се лишени од слобода затоа што во Крива Паланка физички го нападнале и го турнале од тераса дваесет и шестгодишниот жител на истото село А.С. кој се здобил со повреди – велат од СВР Куманово. Лицата се приведени и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.