Рано утринава во 01.10 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Љ.М.(36) од Пробиштип затоа што се обидел со остар предмет да нападне полициски службеник кој извршувал службени дејствија и затоа што претходно во дворот од нејзината куќа физички ја нападнал Т.А.(23) од Пробиштип.
Според пријавеното, околу 23.20 часот во казино во Пробиштип, Љ.М. физички бил нападнат од А.А. од Пробиштип, брат на Т.А., по што отишол во нејзиниот двор за да го најде А.А.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.