Американскиот претседател објави кратка почит на својата социјална мрежа Truth Social посветена на покојниот папа Франциск. Иако Трамп не се сретна со папата за време на неговиот сегашен мандат, тие се сретнаа за време на првиот мандат на Трамп, во 2017 година.
„Почивај во мир папа Франциск! Господ да го благослови него и сите оние кои го сакаа! – напиша Трамп.
President Trump Mourns Pope Francis’ Death on Easter Monday at Age 88https://t.co/c6TZ6st9ZG
— DeepNFTValue, Inc. (@deepnftvalueinc) April 21, 2025
Поглаварот на Римокатоличката црква почина утрово, нешто пред осум часот, по двојно воспаление на белите дробови. Последен пат папата Франциск се појави пред верниците на Велигден, кога накратко рече: „Браќа и сестри, среќен Велигден“.