СДСМ денес, кога се прославува Велигден, дрско повторно се обидува да го дефокусира вниманието од катастрофалното наследство што ѝ го остави на Македонија во културата, велат од ВМРО-ДПМНЕ за денешното соопштение од партијата на Венко Филипче.
Според партијата на власт, „јавноста добро памети кој ја газеше културата, кој ја претвори во мрежа на партиски вработувања и кој го користеше Министерството за култура како алатка за наградување на блиски личности и фаворизирани „уметници“. За извинувањето на министерот Зоран Љутков поради тоа што културните работници не добија плата пред големиот христијански празник, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е коректен гест што јасно покажува разлика во пристапот.