Воз удри во автомобил попладнево на железничкиот премин кај Зелениково.
Екипа на Итната медицинска помош – Скопје е на лице место, потврди за МИА, шефот на смена во Брза помош – Скопје, доктор Драган Панов. Според првичните информации повредено е едно лице. Засега нема детали за сообраќајната несреќа и под кои околности дошло до судирот.