„Шестмина против Турција“ е драма на косовскиот театар која и покрај дипломатскиот притисок на Анкара се изведе на фестивалот во Сараево. Амбасадата на Турција упати и дипломатска нота до властите во Босна и Херцеговина, но националниот театар соопшти дека нема да прифати идеолошка цензура. Турција смета дека претставата е пропаганда за ФЕТО движењето, но артистите од Приштина го победија тврдењето- со претставата изведена на театарските штици.
View this post on Instagram