Дваесет и петгодишен српски државјанин бил приведен викендов поради агресивно однесување и омаловажување на полицајци во Младо Нагоричане. – На 19.04.2025 во 23.45 часот пред угостителски објект во с.Младо Нагоричане полициски службеници од СВР Куманово го привеле М.А.(25) од Р.Србија, затоа што агресивно се однесувал и омаловажувал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а по извршено алкотестирање утврдено било дека бил под дејство на алкохол, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат оттаму, известен е јавен обвинител од ОЈО Куманово и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
View this post on Instagram