За уставните измени како и за идентитетските прашања кои ги отвара Бугарија, се огласи Катарина Колозова.
„До кога ќе ве слушаат ко хипохондрици, параноици и сродни случаи, каде што се занимавате со „но што ако во иднина, немам гаранција дека (нема да падне авионот, па не летам)…“ „аргументи“ и во Европа ве слушаат ко неарни во главата: ако е услов гласање на малцинството, изгласајте го. Ако се случи во процесот на преговарање да ве уценуваат со протоколите (кои патем ние сме ги потпишале) – прекинете преговори. ЕК не ви бара никакви протоколи, туку само една работа – изгласајте го тоа малцинство веќе еднаш, оти се гледа дека не ви се оди во ЕУ (освен со вашите лични бугарски пасоши?). Русија не ве запишува, ЕУ не ве отпишува – и пак не ви текнува“, вели таа.