18.8 C
Скопје
21/04/2025 20:47
МАКТЕЛ

    

РЕПОРТАЖА НА ПРИЗМА: ТИВКИОТ ПУЛС НА ПОДЗАБОРАВЕНИОТ ДОМ НА АРМ

      

Зад недовршената црква „Св. Константин и Елена“ и спомен-куќата на Мајка Тереза, во срцето на Скопје сокриен е Домот на армијата. Овие визуелно гласни објекти од бранот на „Скопје 2014“ ja затскриваат модернaта бетонска зграда, заборавена од постарите, а речиси непозната за помладите скопјани.  Меѓутоа, домот, сепак, живее. Просториите и салите ги употребуваат Министерството за одбрана и Армијата, а по потреба ги користат и скромни културни друштва, крводарители и по некоја државна институција. Редовно работи и ресторанот во домот, кој го посетуваат пензионираните генерали и нивните другари, гладни за чорба и за квалитетен муабет. Случајните минувачи би претпоставиле дека Домот на АРМ е затворен. На јарболите пред влезот нема знамиња. Околу дел од објектот има отпад, а белата фасада е прошарана со графити и потемнета по аглите. Иако однадвор личи дека објектов полека „умира“, внатрешноста раскажува малку поинаква приказна.

Добар оброк и богата библиотека

Во библиотеката има 50 000 книги кои може да ги изнесуваат воени лица и нивните семејства. Сепак, читалната беше празна и не беше јасно дали воопшто се користи библиотеката.

   

Библиотеката располага со фонд од 50.000 книги, но се добива впечаток дека ретко кој ги чита | Фото: БИРН

Посетителите на влезот ги дочекува портирот, кој таму работи уште од 1980-тите. Разочарано вели дека нема настани следниот месец и дека чека пензија. „Порано, во време на Југославија, дворот го чистеа војници. Не можеше да дојдеш на работа ако имаш дамка на униформата“, зборуваше тој како да не може да ја прифати сегашната реалност на овој објект. Проектиран од архитектките Горица Мандичева и Милка Мицевска, Домот на армијата бил изграден во 1972 година, првично како Дом на Југословенската народна армија. Дваесет години подоцна, на 19 април 1992 година, на настанот што го отворил претседателот Киро Глигоров, домот го добива своето ново име во знак на военото осамостојување на државата.  „По многу нешта ова е свечен, величествен, но и историски чин“, изјавил началникот на Генералштабот за настанот, Митре Арсовски, кога се преименувала оваа институција. Во концертната сала со капацитет од 500 гости, со години беше вдомена и Македонската филхармонија, пред да добие своја зграда во 2017 Просторот во кој живеат ликовни дела на великани, како Петар Лубарда и Владимир Георгиевски, некогаш претставувал значајна точка за среќавање,  место каде што се одржувале манифестации и свечености. Имало куглана, летно кино, редовни сликарски активности и бројни концерти.

Денес, во зградата не се чувствува тоа. Останат е по некој постер од настани пред години и сè уште стои избледеното пано на Филхармонија со најава за сезоната 2012/2013. Првиот впечаток е како ништо друго да не се случувало во меѓувреме.  Внатрешното уредување изгледа застарено. Теписите распространети во некои од ходниците ја изгубиле бојата, а дрвените гелендери носат видливи траги од 50-годишната историја.

Сретнавме неколку студенти од неформалниот факултет „Трето доба“ кои беа многу задоволни од условите на Домот на армијата. Ги фалеа келнерите и односот на вработените кон нив. Ги користат просториите за настани и состаноци.

За време на една од нашите посети, околу пладне ручаа триесетина гости | Фото: БИРН

Минатото посебно може да се почувствува во библиотеката на домот. Сместена на крајот на ходник со светлосини ѕидови, оваа просторија има мало богатство книги со стари, дебели корици.

Библиотекарот нè внесе во собата со високи рафтови полни со книги, како и архивски примероци од југословенскиот весник „Борба“. Само воени лица и нивните семејства смеат да станат членови и да изнесуваат книги, но читалницата може да ја користи кој било. Библиотеката располага со фонд од 50.000 книги, но се добива впечаток дека ретко кој ги чита. Во двата наврати кога го посетивме овој дел од домот, читалницата беше празна. Од сите простории, преку ден, најживиот дел е ресторанот. На светловиолетовите ѕидови се закачени пејзажни слики, кои асоцираат на типично македонски сцени. Таму работат неколку келнери, формално облечени во бели кошули и сакоа, кои служат околу 70 оброци дневно. За време на една од нашите посети, околу пладне ручаа триесетина гости. Се чувствуваа мириси на добро приготвена храна, а дента се служеше шницла. Џагорот на гостите и ѕвецкањето на есцајгот се слушаа во ходникот што водеше до ресторанот, каде што келнерите ефикасно ги распоредуваа јадењата по масите. Пред неколку години биле украдени телевизор, кафемат и други предмети од домот, а лани некој провалил во канцеларијата што тогаш ја користела ДИК

Таму го сретнавме Зоран Димов, генерал во пензија. Дента тој ручаше заедно со неколку пријатели, исто така пензионирани воени лица, а на нивната маса едно време беше и пратеникот од Партијата на пензионерите, Илија Николовски. „Домот е отворен за сите, не само за униформираниот дел (н.з. војската). Но, за жал, ако ја погледнеме старосната структура тука, сите имаат по 60 или по повеќе години. Млади нема“, констатираше тој, гестикулирајќи кон гостите на ресторанот. Всушност, овој дел од домот е најчесто посетуван бидејќи нуди вкусна храна по поволна цена: за 200 денари се добива оброк со предјадење и со десерт. „Доаѓаат и доста луѓе што немаат допирни точки со армијата. Зошто? Храната тука можеби е најевтината во централното градско подрачје“, додаде Димов. Често доаѓаат и луѓе од неформалниот факултет за постари лица „Трето доба“. При посетата на домот сретнавме тројца од оваа организација во ресторанот, каде што тие се собираат кога не можат да одат на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. „Доаѓаме за празници, како 8 Март, за веселби, но и за состаноци бидејќи просториите се одлични и многу добро сме пречекани од персоналот“, рече Муса Идризи, постар господин, кој слуша предавања по филозофија на неформалниот факултет. Изгубен сјај

Уредувањето делува застарено, но Домот на армијата изгледа сосема пристојно. Внатре е чисто и функционира ама бидејќи оваа институција нема веб страна и социјални мрежи, многу млади луѓе мислат дека домот на работи.

Домот нема веб-страница, ниту, пак, акаунти на социјалните мрежи | Фото: БИРН

Сепак, малкумина знаат дека Домот на армијата, всушност, работи. Освен што е физички затскриен, оваа институција е практично непостоечка во онлајн-просторот. Просториите се издаваат, но никаде не може да се најде оваа информација на интернет. Од разговори со помлади скопјани дознаваме дека ретко кој од нив бил во домот, во последниве години. Некои се присетуваат дека лани биле таму на студентска изложба на Факултет за дизајн и мултимедија при универзитетот ФОН. Но, повеќето од прашаните беа изненадени кога им кажавме дека објектот сè уште функционира. Јоана Благадуша, студентка по модерен танц, се сеќава дека паднал дел од покривот во концертната сала додека се подготвувале за детска приредба. Лани го санирале и сега почесто се користи за фестивали и се издава Домот нема веб-страница, ниту, пак, акаунти на социјалните мрежи. Постои само неофицијален фејсбук-профил, кој е често „тагиран“ од луѓе што оделе на настани. Ова е практично единствениот начин да се дознае што се случува во Домот на армијата. Ваквото отсуство од интернет ја „остарува“ институцијата и веројатно затоа многумина мислат дека таму ништо не се случува. А, всушност, просториите ги користат бројни здруженија и често се одржуваат настани.

Од 2018 година, со одлука на владата се издадени простории за период од 10 години без надомест на Друштвото за ликовни уметности и Сојузот на борците. Простории се издадени на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ за студентите по модерен танц, Здружението на воени пензионери, Ансамблот на албански народни ора и песни и на други здруженија. Лани се одржал фолклорниот фестивал „Роса“, а во декември, македонскиот воен оркестар имал новогодишен концерт, заедно со оркестрите на три други држави од регионот. Холовите се чисти и уредни, а добар дел од просториите се и реновирани. Најугледна е прес-салата, од која известуваа десетици домашни и странски новинари за време на историската посета на папата Франциск во 2019 година. Тука, пред десетина години, партиите ги поместуваа своите партиски штабови за да ги чекаат резултатите од изборите. Но, дури и со вакви услови, домот е генерално празен, а младите се видно отсутни. Освен пензионираните генерали и нивните пријатели, ретко на кои скопјани им текнува да ја посетат оваа институција, па макар и за чорба.

Група постари мажи пред Домот на АРМ.

Отсуството од интернет просторот го „остарува“ Домот на АРМ | Фото: БИРН

  

Најново

Родната земја на Папата Франциско ќе прогласи седумдневна жалост

Sase Ivanovski

Бар: Нетанјаху покрена постапка за да ме отпушти поради нелојалност кон него

Sase Ivanovski

Поглаварот на ИВЗ Фетаи: Смртта на папата Франциск загуба за мирот во светот

Sase Ivanovski

ПОЛИЦАЕЦОТ ЌАЗИМ АДЕМИ СО ПРЕДЛОГ ДО СИТЕ КОЛЕГИ: Парите од бонус платата да ја донираме на семејствата на ранетите и загинатите во Кочани

Sase Ivanovski

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА ВО СВЕТОТ НА БИЗНИСОТ, ЗАМИНУВА КЛУЧНАТА ФИГУРА НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ: Клаус Шваб поднесе оставка

Sase Ivanovski

ОД ЈЕЗУИТ ДО ПРВ ЛАТИНОАМЕРИКАНЕЦ ПАПА Кој беше папата Франциск?

Sase Ivanovski

НЕТАНЈАХУ ГО ОТПУШТИ ШЕФОТ НА РАЗУЗНАВАЧКАТА СЛУЖБА Тој обвини дека одбил наредба да шпионира демонстранти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЧУДО СПРОТИ ВЕЛИГДЕН Грчка лекарка преживеа судар со воз

Sase Ivanovski

„СЕ ГЛЕДА ДЕКА НЕ ВИ СЕ ОДИ ВО ЕУ, ОСВЕН СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ БУГАРСКИ ПАСОШИ“: Колозова за евроинтеграциите и бугарските условувања

Sase Ivanovski

Пијан Србин бил агресивен кон полицајци во Младо Нагоричане

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТУРЦИЈА СО ДИПЛОМАТСКИ ПРИТИСОК ЗА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ВО САРАЕВО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Психологија на токсични врски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во анкета на ХРТ само на туристка од Македонија не и се скапи цените во Дубровник

Sase Ivanovski

Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково

Sase Ivanovski

Фетаи од АА: Не сум ничиј слуга, Ахмети е големиот патриот што го прифати Скопје 2014 како национален проект

Sase Ivanovski

Украина бара извинување од Фокс њуз затоа што напиша дека Киев е „руски град“

Sase Ivanovski

Петмина повредени во тешка сообраќајка во центарот на Скопје кај Собранието

Sase Ivanovski

Скопјанец пронајден починат во парк

Sase Ivanovski

Лишени од слобода тројца фудбалери на Гостивар поради напад на полицајци

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Извинувањето на Љутков е коректен гест што јасно покажува разлика во пристапот

Sase Ivanovski

ДУИ: Моноетничките унапредувања во образованието докажуваат систематско исклучување на Албанците

Sase Ivanovski

СДСМ: Ако Љутков не е способен да ги исполни обврските, нека си поднесе оставка

Sase Ivanovski

Г.г. Стефан: Кочанското страдање на најсуров начин повторно нè соочи со немилосрдната стварност на смртта

Sase Ivanovski

Руските напади продолжуваат и покрај наредбата на Путин за велигденско примирје, тврди Зеленски

Sase Ivanovski

ГОЛЕМА ПОБУНА ВО ГЕРМАНИЈА ЗА НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД БАЛКАН: „Без нас ве нема и вас“

Sase Ivanovski

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА Е ВО ЧИКАГО: Нека овој наш најголем христијански празник ни донесе мир

Sase Ivanovski

Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот

Sase Ivanovski

БУГАРСКИТЕ ЕВРОПРАТЕНИЦИ ЗБЕСНАА ЗА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА МАКЕДОНИЈА Поднесени 313 амандмани

Sase Ivanovski

(ФОТО) ПАПАТА ФРАНЦИСК БЕШЕ ПРВ РИМОКАТОЛИЧКИ ПОГЛАВАР КОЈ ГО ПОСЕТИ СКОПЈЕ Пред 15.000 луѓе на отворено служеше Света Литургија

Sase Ivanovski

КОНТИНУИРАНО ЈА ИЗРАЗУВАШЕ СВОЈАТА ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНИЈА Мицкоски оцени дека папата Франциск остави хуман белег во историјата

Sase Ivanovski

Изречени казни при контрола на кумановските угостители

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Оплакувањето Христово“ од 12 век во црквата „Свети Пантелејмон“ во Нерези го насликува еден од најемотивните моменти во христијанството

Sase Ivanovski

Луј Витон повторно ги отвора вратите на својата историска локација во Милано

Sase Ivanovski

2 милиони евра кауција за да излезе од притвор нуди Асмир Јахоски газдата на „Пуцко петрол“

Sase Ivanovski

Во САД отвараат нова платежна мрежа со крипто, конкуренција на Visa и Mastercard

Sase Ivanovski

Трамп: Почивај во мир папа Франциск

Sase Ivanovski

Уапсен е 36-годишник, со нож нападнал полицаец во Пробиштип

Sase Ivanovski

Лидерите на институциите на ЕУ изразиja жалење за смртта на папата Франциск

Sase Ivanovski

МВР: Нема повредени во судирот меѓу воз и автомобил кај скопско Зелениково

Sase Ivanovski

Уништени се 1.740 килограми небезбедна храна пред Велигден, велат од АХВ

Sase Ivanovski

Пожар во стан во скопски Аеродром, двајца повредени пренесени во болница

Sase Ivanovski

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, тоа не е во наш интерес

Sase Ivanovski

Путин и Зеленски со сочувство за смртта на папата Франциск кој молеше да заврши руско-украинската војна

Sase Ivanovski

Има очекувања дека и наследникот на папата Франциск нема да е од Европа

Sase Ivanovski

Го нападнале, па го турнале од тераса – три лица се уапсени

Sase Ivanovski

Папата Франциск ќе биде погребан надвор од Ватикан, најдоцна за девет дена

Sase Ivanovski

Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск

Sase Ivanovski

Папата Франциско ги промени плановите за сопствениот погреб пред смртта. Еве што да очекувате

Sase Ivanovski

АХВ: Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден

Sase Ivanovski

Руските вооружени сили продолжуваат со воените операции во Украина

Sase Ivanovski

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Sase Ivanovski

Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник

Sase Ivanovski

Студентите во Белград седма вечер ја блокираа РТС

Sase Ivanovski

Светот се збогува со папата Франциск: Неговиот последен велигденски говор повикуваше на мир, сочувство и солидарност

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се последните што можат да зборуваат за грижа кон културното наследство – хаосот што го оставија зборува сам за себе

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е последната партија што може да зборува за правда и култура – тие се симболот на неправда, партизација и криминал

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане да ја понижува државата

Sase Ivanovski

СДСМ бара оставка од Љутков за хаосот во културата

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен штипјанец, бил баран поради бегство од затворот Идризово

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода возач во Кавадарци затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода возач на патот Гостивар- Кичево поради престигнување на колона возила

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода неготинец, украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Sase Ivanovski

На Граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 20 минути

Sase Ivanovski

Гаши: Папа Франциско ги вгради принципите на мирот, социјалната правда и меѓурелигиозниот дијалог

Sase Ivanovski

По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“

Sase Ivanovski

СДСМ бара оставка од министерот Љутков

Sase Ivanovski

Руските вооружени сили продолжуваат со воените операции во Украина по завршувањето на примирјето

Sase Ivanovski

Светските политичари му оддадоа почит на папата Франциско: Тој инспирираше милиони луѓе

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен ги предупредува ИКС, Mета и TикTок да ги почитуваат прописите во Европа

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дали молкот на СДС, Филипче и Заев е потврда дека тие поседуваат златни визи за Дубаи?

Sase Ivanovski

Лишено од слобода лице од скопско, превезувал стока без документација

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дали молкот на СДС, Филипче и Заев е потврда дека тие поседуваат златни визи за Дубаи?

Sase Ivanovski

Селото Стенче – долина на фотоволтаици

Sase Ivanovski

Приведени три лица кои возеле под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Почина папата Франциско: Што е следно во Ватикан?

Sase Ivanovski

Папата Франциско, првиот латиноамерикански понтиф кој служеше со шармантен, скромен стил, почина на 88 години

Sase Ivanovski

АХВ спровела 617 контроли, уништени 1.740 килограми небезбедна храна

Sase Ivanovski

Седми ден од блокадата на РТС: На студентите им се придружуваат и граѓани

Sase Ivanovski
Вчитувам....