МАКТЕЛ

    

Скршени јајца, валкани раце и бајат омлет!

      

автор мр. политиколог Зуфер Бајрами од Шведска

“Премиере, не можеш да направиш омлет без да скршиш неколку јајца!” се вика последната колумна на познатиот новинар Бранко Геровски, објавена на Плусинфо. Содржината е донекаде “ајде Мицковски удри”, “и ти” да не биде “како до сега”, како онаа старата на Али. Значи, Геровски му вика на Мицкоски: “Не ми зборувајте за сериозна промена на правосудниот систем, ако не сте спремни на сериозни кадровски резови, ако на клучните позиции во обвинителствата и во судовите не дојдат саглам луѓе, кои ќе спроведат законски, институционални и секакви други реформи на сите нивоа”. Ајде да кажеме дека сè е во ред со ова, иако не звучи баш во ред. Геровски почна да наликува на некој политички гуру, сива еминенција на прероденото ВМРО, некое си чудно квантно заплеткување или како што Ајнштајн го нарекуваше: “spooky action at a distance” меѓу него и Мицкоски ни се случува пред нашите очи. А речникот со кој едниот му се обраќа на другиот повеќе личи на говор на политички комесар од комунистичката партија од 20 век во лов по “саглам кадри”, отколку на еден сериозен новинар во демократска држава од 21 век.

   

Насловот, дефинитивно насловот, ме привлече да го прочитам текстот.
Прв впечаток: види, изгледа Геровски му советува на Мицкоски да скрши неколку јајца како метафора, манифестирана како суптилен акт на пожртвуваност во форма на откажување на пример од некое дискреционо права, разрешување на директори со фалсификувани јазични дипломи и така натаму. Но не. Геровски бара премиерот да крши неколку јајца кои уствари не се негови. Гледано законски, премиерот и владата донираат неколку од јајцата за омлетот наречен судство, но тоа не значи дека и тој “како до сега” треба да го јаде целиот омлет. Ова би кореспондирало добро си идиомата “You can’t have your cake and eat it too”.

Пак кај насловот, но сега само за идиомата: “Не можеш да направиш омлет без да скршиш неколку јајца”. Според Гугл, познати личности кои ја користеле оваа идиома се Сталин, Ленин, но најжестокиот “кршач” е недвосмислено Робеспјер, кој за постигнување на “идеалите” на Француската револуција не се двоумеше да жртвува илјадници јајца под тешката секира на гиљотината.
Можеби овие личности никогаш не ја користеле оваа идиома. Можеби сето тоа е измислица, но фактот дека оваа идиома им се лепи баш на такви ликови кои, ако навистина се воделе од филозофијата на неколку скршени јајца за доброто на сите, историјата не учи дека таа филозофија води кон тотален неуспех а можеби и катастрофа.

А каков тек би имала колумната ако би се викала: “Премиере, the truth is in the pudding”?
Не сум сигурен дека можам прецизно да ја преведам оваа исто така многу позната идиома, но приспособена на контекстот за кој пишувам тука, би значела нешто во стилот: “вистината е во омлетот” во смисла дека не треба да ми кажуваш колку е нешто добро, кога можам и сам да пробам.
Сега реално, овие 9 месеци омлетот што ни се сервира не е баш од некој различен квалитет од оној што ни се сервираше “како до сега”. Како до сега гледаме како премиерот ги држи цврсто некои, иако очигледно е дека неколку се созреани да се скршат, а има голем ризик да му се скршат во раце и да се извалка и самиот.

Кога сме веќе кај идиомите, на Ајнштајн му се припишува дека рекол:
“Insanity is doing the same thing over and over again and expecting different results”
Што во превод би значело: “Лудило е да ја правиш истата работа одново и одново и да очекуваш различни резултати”. Кон крајот на колумната, Геровски прашува:
“Што е фатално – терапијата или апатијата?”
Па продолжува:
“Дали таа ‘терапија’ предизвикува контраиндикации и нуспојави? Да, ама не се фатални. Фатална е оваа апатија од која никако да се извлечеме”.

Кога читате “терапија”, се мисли и инволвира кршења и длабоки резови во судството.
Јас би му одговорил на Геровски дека и апатијата, но особено терапијата што ја предлага тој, може да биде фатална. А веќе кога зборуваме со медицински речник: судството во Македонија од 2004 година постојано е на нечија хируршка маса или во нечија хируршка имагинација. Продолжувајќи ја медицинската логика, а имајќи ја предвид минималната доверба од 2% за успех на пациентот читај судството, не значи дека треба постојано да ја правиме истата операција и да очекуваме различни резултати, особено важно кога за овој пациент некој вложил труд и многу други нешта за да го создаде. Или како што би рекле старите Англичани, а можеби и пред нив старите Германци, а подоцна и Маркс:
Да не ни се случи да го фрлиме и бебето заедно со валканата вода од коритит “To throw the baby out with the bathwater”.

Знам, судството ни е катастрофа. Секој извештај од која било релевантна институција, сите истражувања го покажуваат тоа. Но истите извештаи кажуваат и нешто друго, а тоа е: треба владеење на правото, поделба на властите, и најважното треба да престане политичкото, особено влијанието од извршната власт, која во нашата кревка држава и така има премногу моќ. Некој може да рече дека јас предлагам власта да не направи ништо. Јас би рекол, да и не. Извршната власт има доволна моќ да истражува, да се пушти во напад секогаш кога ќе има индиции или докази дека некој во судството извршува кривични дела, а има и многу ресурси да гради дискурс за повисоки етички стандарди за сите државни чинители, па и за судството, а и ред други меканизми заедно со законодавната власт. Но, никако не смее и не треба извршната власт да има рака во исходите кои траба ексклузивнио да произлегуваат од судската власт.

Илустративно, од почетокот на реформата кога судството почна да ја добие новата рефомирана институционална инфраструктура, сеуште наликува на бебе затворено во соба без прозорци. Во таа соба постојано влегуваат и излегуваат тешки пушачи, кои не само што непрекинато пушат и внатре, туку и се чудат зошто бебето е секогаш болно.
Во рамки на својата “грижа”, тие исти пушачи постојано се трудат да го лечат бебето со различни лекови и антибиотици со надеж дека конечно ќе оздрави. Но, на чуден начин, кога фрустрациајат е голама најпрво им доаѓа во памет мислата да го убијат бебето и почнат одново, но никако не им доаѓа на памет да излезат малце од собата и конечно да му дозволат на бебето слободно да дише.

П.С. Само фактот дека во текстот сум малку провокативен не значи дека сакам да го навредам или на некој начин да го омаловажам г. Геровски. Иако не се согласувам со него, тоа не значи дека немам голема почит кон човекот и неговата интелектуална бистрина!
ППС-Колумната на Зуфер Бајрами ја објавуваме на негова замолница до Либертас..Тој во дописот до нас објаснува дека претходно ја пратил до плусинфо а денеска Геровски го известил дека нема да му ја објави на плусинфо. Либертас сепак одлучи да ја објави кко поинакво мислење односно реакција на колумната на Геровски “Премиере, не можеш да направиш омлет без да скршиш неколку јајца!” објавена на плусинфо.мк

  

Најново

Вработени во РТС бараат утврдување одговорност за навреда на студенти и оставка од одговорните

Sase Ivanovski

Во албанскиот бисер на Јадранот, Валона се гради нов модерен аеродром

Sase Ivanovski

Кој ќе го прави ресетот на Македонија?

Sase Ivanovski

Речиси 200 студенти и новинари се на суд поради протестите во Истанбул

Sase Ivanovski

Додик: Ако не ми дозволат да се кандидирам за претседател, ќе бидам премиер; На Трамп ќе му понудам литијум и руди во вредност од 100 милијарди долари

Sase Ivanovski

Сеопфатен глобален патоказ за спротивставување на војната, национализмот и авторитаризмот – сега достапен во печатена форма и онлајн

Sase Ivanovski

Костадионов на Велигденско мото возење со неговата мајка

Sase Ivanovski

По натпреварот со Вардар, тренерот на Црвена Звезда, Милојевиќ позитивно расположен за формирање на регионална лига

Sase Ivanovski

Ватикан: Причината за смртта на папата Франциск е мозочен удар

Sase Ivanovski

Меџити: На Таравари не му е местото во Владата ако се решил за соработка со ДУИ

Sase Ivanovski

Објавен тестаментот на Папата Франциско

Sase Ivanovski

Богатите Американци отвораат сметки во швајцарските банки

Sase Ivanovski

Расел Воут – клучна фигура зад владините реформи на Трамп

Sase Ivanovski

Путин е отворен за преговори со Украина за ненапаѓање на цивилни цели

Sase Ivanovski

Свечља: На Косово се уапсени тројца Срби кои се осомничени за воени злосторства

Sase Ivanovski

По четврти пат пропадна обидот за конституирање на Собранието на Косово

Sase Ivanovski

Денко Малески: Папата во поддршка на Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360 СТЕПЕНИ: И МВР му вештачеле дека му е фалсификуван потписот, па никому ништо

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали сте знаеле дека куполата на храмот Свети Сава во Белград е тежок колку кипот на слободата во Њујорк?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во продавница за антиквитети во гратчето Пери во сојузната држава Ајова, САД разбојник украл цела колекција на Покемон карти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На пазарот во Пула, беше подготвена традиционална фритата со употреба на дури 1.600 јајца и 20 килограми аспарагус

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дистрикт Монтенаполеоне, во Милано: Најдобриот луксузен трговски центар на отворено во светот!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нацо Јовчевски од здружението „Мак-Би“: Дали сте знаеле дека постои македонски вид на автохтона пчела?

Sase Ivanovski

Родната земја на Папата Франциско ќе прогласи седумдневна жалост

Sase Ivanovski

РЕПОРТАЖА НА ПРИЗМА: ТИВКИОТ ПУЛС НА ПОДЗАБОРАВЕНИОТ ДОМ НА АРМ

Sase Ivanovski

Бар: Нетанјаху покрена постапка за да ме отпушти поради нелојалност кон него

Sase Ivanovski

Поглаварот на ИВЗ Фетаи: Смртта на папата Франциск загуба за мирот во светот

Sase Ivanovski

ПОЛИЦАЕЦОТ ЌАЗИМ АДЕМИ СО ПРЕДЛОГ ДО СИТЕ КОЛЕГИ: Парите од бонус платата да ја донираме на семејствата на ранетите и загинатите во Кочани

Sase Ivanovski

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА ВО СВЕТОТ НА БИЗНИСОТ, ЗАМИНУВА КЛУЧНАТА ФИГУРА НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ: Клаус Шваб поднесе оставка

Sase Ivanovski

ОД ЈЕЗУИТ ДО ПРВ ЛАТИНОАМЕРИКАНЕЦ ПАПА Кој беше папата Франциск?

Sase Ivanovski

НЕТАНЈАХУ ГО ОТПУШТИ ШЕФОТ НА РАЗУЗНАВАЧКАТА СЛУЖБА Тој обвини дека одбил наредба да шпионира демонстранти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЧУДО СПРОТИ ВЕЛИГДЕН Грчка лекарка преживеа судар со воз

Sase Ivanovski

„СЕ ГЛЕДА ДЕКА НЕ ВИ СЕ ОДИ ВО ЕУ, ОСВЕН СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ БУГАРСКИ ПАСОШИ“: Колозова за евроинтеграциите и бугарските условувања

Sase Ivanovski

Пијан Србин бил агресивен кон полицајци во Младо Нагоричане

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТУРЦИЈА СО ДИПЛОМАТСКИ ПРИТИСОК ЗА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ВО САРАЕВО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Психологија на токсични врски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во анкета на ХРТ само на туристка од Македонија не и се скапи цените во Дубровник

Sase Ivanovski

Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково

Sase Ivanovski

Фетаи од АА: Не сум ничиј слуга, Ахмети е големиот патриот што го прифати Скопје 2014 како национален проект

Sase Ivanovski

Украина бара извинување од Фокс њуз затоа што напиша дека Киев е „руски град“

Sase Ivanovski

Петмина повредени во тешка сообраќајка во центарот на Скопје кај Собранието

Sase Ivanovski

Скопјанец пронајден починат во парк

Sase Ivanovski

Лишени од слобода тројца фудбалери на Гостивар поради напад на полицајци

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Извинувањето на Љутков е коректен гест што јасно покажува разлика во пристапот

Sase Ivanovski

ДУИ: Моноетничките унапредувања во образованието докажуваат систематско исклучување на Албанците

Sase Ivanovski

СДСМ: Ако Љутков не е способен да ги исполни обврските, нека си поднесе оставка

Sase Ivanovski

Г.г. Стефан: Кочанското страдање на најсуров начин повторно нè соочи со немилосрдната стварност на смртта

Sase Ivanovski

Руските напади продолжуваат и покрај наредбата на Путин за велигденско примирје, тврди Зеленски

Sase Ivanovski

ГОЛЕМА ПОБУНА ВО ГЕРМАНИЈА ЗА НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД БАЛКАН: „Без нас ве нема и вас“

Sase Ivanovski

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА Е ВО ЧИКАГО: Нека овој наш најголем христијански празник ни донесе мир

Sase Ivanovski

Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот

Sase Ivanovski

БУГАРСКИТЕ ЕВРОПРАТЕНИЦИ ЗБЕСНАА ЗА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА МАКЕДОНИЈА Поднесени 313 амандмани

Sase Ivanovski

(ФОТО) ПАПАТА ФРАНЦИСК БЕШЕ ПРВ РИМОКАТОЛИЧКИ ПОГЛАВАР КОЈ ГО ПОСЕТИ СКОПЈЕ Пред 15.000 луѓе на отворено служеше Света Литургија

Sase Ivanovski

КОНТИНУИРАНО ЈА ИЗРАЗУВАШЕ СВОЈАТА ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНИЈА Мицкоски оцени дека папата Франциск остави хуман белег во историјата

Sase Ivanovski

Изречени казни при контрола на кумановските угостители

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Оплакувањето Христово“ од 12 век во црквата „Свети Пантелејмон“ во Нерези го насликува еден од најемотивните моменти во христијанството

Sase Ivanovski

Луј Витон повторно ги отвора вратите на својата историска локација во Милано

Sase Ivanovski

2 милиони евра кауција за да излезе од притвор нуди Асмир Јахоски газдата на „Пуцко петрол“

Sase Ivanovski

Во САД отвараат нова платежна мрежа со крипто, конкуренција на Visa и Mastercard

Sase Ivanovski

Трамп: Почивај во мир папа Франциск

Sase Ivanovski

Уапсен е 36-годишник, со нож нападнал полицаец во Пробиштип

Sase Ivanovski

Лидерите на институциите на ЕУ изразиja жалење за смртта на папата Франциск

Sase Ivanovski

МВР: Нема повредени во судирот меѓу воз и автомобил кај скопско Зелениково

Sase Ivanovski

Уништени се 1.740 килограми небезбедна храна пред Велигден, велат од АХВ

Sase Ivanovski

Пожар во стан во скопски Аеродром, двајца повредени пренесени во болница

Sase Ivanovski

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, тоа не е во наш интерес

Sase Ivanovski

Путин и Зеленски со сочувство за смртта на папата Франциск кој молеше да заврши руско-украинската војна

Sase Ivanovski

Има очекувања дека и наследникот на папата Франциск нема да е од Европа

Sase Ivanovski

Го нападнале, па го турнале од тераса – три лица се уапсени

Sase Ivanovski

Папата Франциск ќе биде погребан надвор од Ватикан, најдоцна за девет дена

Sase Ivanovski

Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск

Sase Ivanovski

Папата Франциско ги промени плановите за сопствениот погреб пред смртта. Еве што да очекувате

Sase Ivanovski

АХВ: Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден

Sase Ivanovski

Руските вооружени сили продолжуваат со воените операции во Украина

Sase Ivanovski

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Sase Ivanovski

Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник

Sase Ivanovski

Студентите во Белград седма вечер ја блокираа РТС

Sase Ivanovski

Светот се збогува со папата Франциск: Неговиот последен велигденски говор повикуваше на мир, сочувство и солидарност

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се последните што можат да зборуваат за грижа кон културното наследство – хаосот што го оставија зборува сам за себе

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е последната партија што може да зборува за правда и култура – тие се симболот на неправда, партизација и криминал

Sase Ivanovski
Вчитувам....