Сторителот на масакрот во 2019 година во супермаркет во шпанската заедница Ел Пасо, Тексас, денеска се изјасни за виновен и беше осуден на доживотен затвор без можност за условно ослободување. Патрик Крусиус, кој тогаш имаше 21 година и ја прифати теоријата на белата надмоќ, беше осуден во 2023 година од федералниот суд на 90 доживотни затворски казни за убиствата на 23 лица во овој град, кој се наоѓа на границата со Мексико. Денеска тој постигна договор за признавање на вината со државните обвинители во Тексас и се изјасни за виновен за да ја избегне смртната казна. „Додека го започнувате остатокот од животот зад решетки, запомнете: вашата мисија пропадна. Не го распарчивте овој град, туку го зајакнавте“, му рече судијата Сем Медрано Јуниор додека ја објавувал казната.
Жителите на Ел Пасо „засекогаш ќе ги паметат животите што ги украдовте, нивните имиња, нивните приказни, нивните достигнувања, нивната светлина никогаш нема да изгасне додека вашето име и вашата омраза ќе бидат заборавени“, додаде судијата. На почетокот на август 2019 година, Патрик Крусиус објави текст на интернет во кој ја повтори теоријата за надмоќ на белата раса и зборуваше за „шпанска инвазија на Тексас“ додека ги пофали акциите на масакрот во џамијата Крајстчерч во Нов Зеланд, каде што беа убиени 51 лице. Потоа десет часа возел од предградието на Далас каде што живеел до Ел Пасо и отворил оган со полуавтоматска пушка во супермаркетот Волмарт. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, тој со кренати раце излегол од автомобил ѝ изјавил дека тој е сторителот.
Од 23 жртви, осум се Мексиканци, а останатите Американци со латиноамериканско потекло. Масакрот ги шокираше САД и предизвика јавна дебата за тоа дали е одговорна антиимиграциската реторика на републиканскиот претседател Доналд Трамп за време на неговиот прв мандат. Масакрот во Ел Пасо е еден од најсмртоносните во историјата на САД.