Шест лица се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Охрид. Според информациите, несреќата се случила вчера попладне, а меѓу повредените се и две малолетни лица.„На 21.04.2025 во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово.
Во несреќата, возачот на возило „киа“ и сопатничката К.К.А.Е. (19) од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот на возилото „шкода“ и сопатниците С.К.(36) и две малолетни лица, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, соопшти СВР Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево.