Работата на далечина беше популаризирана со појавата на коронавирусот и оттогаш е на експоненцијална траекторија и рапидно расте. Милиони луѓе ширум светот веќе не се физички врзани за нивните работни места, претпочитајќи да работат од дома или други, алтернативни форми на „канцеларии“.
Дигиталните номади, сè попопуларен феномен, можат да ја вршат својата работа од каде било на планетата, со добра интернет конекција, се вели во извештајот на веб-страницата nomads.com. Тие често избираат градови во регионот на Балканот како омилена локација.
View this post on Instagram