Поранешниот потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи е ограбен. Дел од медиумите пишуваат дека од домот му бил украден сеф. -На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети, информира МВР
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Битиќи за ORA24.TV потврдил дека имало кражба во неговиот дом. -Да… Не би зборувал за детали, одговори Битиќи за ORA24.TV. Извори на ОРА24.ТВ посочуваат дека е украден метален сеф во кој наводно имало златни предмети и рачни часовници во вредност од 3.100.000 денари.