Ми беше особена чест денеска да се обратам на панел-дискусијата на тема „Улогата на Франкофонијата во светот и регионот“, организирана по повод Месецот на Франкофонијата во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Во своето обраќање истакнав дека Франкофонијата не е само заедница на јазик – таа е мост меѓу народите, форум за дијалог, културна и економска сила што поврзува 321 милион луѓе на пет континенти. За нас, францускиот јазик е дел од историјата, но и дел од европската иднина. Го гледаме членството во Франкофонијата како можност за афирмација на нашиот идентитет, јазик и вредности – демократски, мирољубиви и толерантни. Нагласив и дека и во иднина ќе продолжиме да ја зајакнуваме нашата соработка во рамки на оваа значајна меѓународна организација, уверени дека културната разновидност и солидарноста се клуч за заедничка, подобра иднина.
View this post on Instagram