МАКТЕЛ

     

Трејдинг за сиромашни – од живот без шеф до кампања за регрутација

      

Ветуваат брз успех, финансиска слобода и живот од соништата, но завршувате со месечна членарина и неизвесна иднина. Зад сјајните видеа на ТикТок се крие модел на работа кој го истражуваат регулатори ширум светот. Сѐ почнува со кратко видео: млада девојка во Дубаи, со лаптоп во скут и плажа во позадина, вели дека работи за себе, нема шеф и живее од тргување на берза. „И ти го можеш истото, само прати ми порака“, убедува таа. Сè почесто на социјалните мрежи популарни меѓу младите одредени „инфлуенсери“ промовираат лесна заработка, брз успех и слобода. Станува збор за група ентузијасти, најчесто млади девојки, кои тврдат дека пронашле пат до финансиска независност без формално образование, искуство или вложување некој поголем напор. Она што почнува како инспиративна приказна за „живот без шеф“ брзо се претвора во кампања за регрутација. Секој гледач е повикан да стане дел од „тимот“, „семејството“ или „заедницата“, а секој кој ќе изрази сомнеж често велат дека го нема „вистинскиот менталитет“ за успех.

„Дали сакате да се заработувате тргувајќи на берзата без да знаете како функционираат финансиските пазари? Дали сакате да имате пасивен приход и да работите сами за себе? Само слушајте ги трговските сигнали кои ви доаѓаат од вештачката интелигенција на нашата фирма. Не ви треба никакво предзнаење“, ви велат профили на социјалните мрежи, кои пробуваат да ве убедат да се придружите во нивниот тим, за таканаречено форекс трејдање.

Принтскрин од пост на Инстаграм

   

Од минатата година, на овој начин кај нас интензивно се промовира платформата „Eaconomy“ која пред скоро се ребрендираше во „Iqonic“. Секоја реклама за фирмата на социјалните мрежи, без разлика колку следбеници има промотерот кој ја поставува, содржи исти елементи: примамлив вовед за онлајн бизнис, мотивациона пораката и секако, ветувања за живот од соништата.

Често во видеата за промоција овие „инфлуенсери“ нагласуваат дека работат „мрежен маркетинг“, што значи дека заработуваат од секоја личност што се приклучува на платформата преку нив.

Заинтересираните ги привлекуваат преку курсеви за инвестирање и испраќање „трговски сигнали“ преку социјалната мрежа Телеграм, кои потоа можат да ги користат во своите сметки на онлајн инвестициските платформи. Вештачката интелигенција, која го анализира девизниот пазар (т.н. forex), се вели дека е вклучена во креирањето совети за можности за инвестирање.

„Ако имаш од 18 до 30 години, и сакаш да заработуваш од било каде, пиши ми порака“ вели девојка во видео на ТикТок.

Откако ќе им испратите порака, имате можност да разговарате на телефон за „работата“ со креаторот на видеото. Доколку ви изгеда како добра можност за работа, купувате пакет од 150 евра за „материјали за учење на трејдинг“, а потоа ве додаваат во група на телеграм каде добивате инструкции за таканаречениот „трејдинг“. За секој месец кој го поминувате како член на платформата, плаќате членарина од 99 евра, а за „трејдингот“ вложувате свои пари по избор.

Ако телефонските разговори и онлајн состаноците не ви се доволно примамливи, се случува и да ви нудат и разни настани и конференции. Додека ваквите видеа ве убедуваат да се придружите на платформата, регулаторни тела низ светот ве советуваат на спротивното. Предупредувања во повеќе држави „Препорачуваме да се внимава со Eaconomy LLC/Eaconomy, или со кој било поединец или ентитет што ги промовира нивните услуги или производи. Eaconomy го промовира својот софтвер со вештачка интелигенција и платформа за „тргување со копии“ (т.е. Manara и Eminus) за бинарни опции, крипто средства и тргување со странска валута. Нивната веб-страница создава севкупен погрешен впечаток дека нејзината платформа за тргување и софтвер може да го олеснат тргувањето, вклучително и со бинарни опции, што е многу сложен и ризичен производ. Загрижени сме бидејќи Eaconomy не е овластена да обезбедува какви било финансиски услуги или производи според законот на Нов Зеланд.“ гласи предупредувањето од Управата за финансиски пазари на Нов Зеланд.

„Eaconomy“ е предмет на повеќекратни предупредувања од странските регулатори, вклучувајќи  го и финансискиот надзорен орган на Норвешка, кој предупредува дека платформата функционира како пирамидална шема и неовластен бизнис. „Норвешката управа за потрошувачи ги надгледува пирамидалните шеми, а добивме и неколку поплаки за Eaconomy. Врз основа на информациите што произлегоа од истрагите и поплаките на Управата за финансиска супервизија што ги добивме, гледаме дека Eaconomy има неколку сличности со нелегалните пирамидални шеми“ стои во објавата за предупредување од надзорниот орган за финансии на Норвешка. Управата за финансиско однесување (FCA), финансиско регулаторно тело во Обединетото Кралство предупредува дека платформата нуди „финансиски услуги или производи без дозвола“. Оттаму посочуваат и дека треба да се избегнува занимавање со оваа фирма. Слични предупредувања „Eaconomy“ има добиено и од КанадаЧешка и Словачка.

Фирмата исто така не е регистрирана во Националната асоцијација за фјучерси (NFA) во Америка, каде што е започната компанијата.

Сомнителна позадина Британецот Хасан Махмуд во 2022 година создава компанијата „Eaconomy“. Веб-страницата на платформата често ги менува домените, а Инстаграм профилот е полн со мотивациони објави, вклучително и лажна насловна страница на Форбс со Махмуд. Списанието никогаш нема објавено сторија за него. Но, ова не е прва негова фирма. Махмуд до 2019 година е сопственик на пропадната пирамидална шема „SilverstarLive“. Американската комисија за тргување со фјучерси ги следела прекршувањата нa Законот за стоковна берза почнувајќи од јули 2018 година.

Принтскрин од пост на Инстаграм 
Според истрагата на Американската комисија за тргување со фјучерси, „SilverstarLive“ и нејзините сопственици, Хасан Махмуд и Кендис Махмуд дејствувале како советници за тргување со стоки, без да бидат регистрирани во Комисијата како такви, преку остварување на дискреционална трговска власт врз девизни трговски сметки на клинети од САД кои не ги исполнуваат условите за склучување на договор.

На Хасан Махмуд и Кендис Рос-Махмуд, исто така, им е наредено да престанат и да се откажат од извршување на дополнителни прекршувања на тргувањето со стоки. По колапсот на „Silverstar Live“, Хасан Махмуд и Кендис Рос-Махмуд ја рестартираа шемата како „Eaconomy“. „Eaconomy“, како наследник или клон на „Silverstar Live“, продолжува да функционира и покрај фактот што ниту компанијата ниту нејзините сопственици не се регистрирани во Американската комисија за тргување со фјучерси , со што Кендис и Хасан потенцијално го прекршуваат договорот со комисијата склучен на 4-ти ноември. Овој месец, сопственикот Хасан Махмуд, на вебинар најави дека фирмата ќе се ребрендира во „Iqonic“. Според објави на порталот BehindMLM, Еaconomy пропаднала повеќе пати, а третото и последно рестартирање и било во 2021 година, се до 2025 кога фирмата се преименува. Во првото лансирање на „Eaconomy“, бил вклучен и Сал Лето кој бил потпретседател за операции. Лето е познат по водечките обиди да ја прошири OneCoin Ponzi шемата на Ружа Игнатова во САД. Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Сообраќајна несреќа на „Рекорд“, дошле екипи на Итната помош

Sase Ivanovski

Додик по обидот за апсење: Законите на БиХ повеќе нема да се спроведуваат во Р. Српска

Sase Ivanovski

ММФ: Глобалниот јавен долг може да стане двојно поголем од вредноста на сите произведени стоки и услуги

Sase Ivanovski

Ивановиќ: Ако петтемина пратеници на Таравари ја напуштат власта, не би направиле потрес

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Моментот кога се обидоа да го апсат Додик во источно Сараево

Sase Ivanovski

Снопче: Кога Мицкоски ќе каже дека местото на Алијанса не е во Владата, ние веднаш ќе излеземе

Sase Ivanovski

На 40 хонорарци од ФИТР им е раскинат договорот, директорот вели дека не доаѓале на работа

Sase Ivanovski

ЕУ не се откажува од партнерството со САД

Sase Ivanovski

Тензии во источно Сараево – тешко вооружени специјалци го чуваат Додик од апсење

Sase Ivanovski

Димитриеска Кочоска: Проектираниот раст од 3,7 oтсто е реален

Sase Ivanovski

Норвешка туристка фрапирана од лошите услови во скопската Зоолошка градина

Sase Ivanovski

Ние ќе одлучиме кога ќе му ставиме крај на насилството, вели Вучиќ

Sase Ivanovski

Стотици македонски знамиња развиени во Тирана како дел од „Неделата на македонската култура“

Sase Ivanovski

Насилник од скопско ја нападнал сопругата со тврд предмет

Sase Ivanovski

24 Анализа – Дали се води хајка против градоначалникот на Карпош?

Sase Ivanovski

Филипините четири дена ќе жалат за смртта на папата Франциск

Sase Ivanovski

Над 6.200 вработени во МВР денеска добиле бонус-плата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАМАВИЗИЈА EП07 – Камилоска: Сакаме трето дете, и јас и Павле сме од многудетни семејства

Sase Ivanovski

Германец ќе оди во затвор 32 месеци поради неонацистички текстови на рок-музика

Sase Ivanovski

Муцунски се сретна со Камп, високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства

Sase Ivanovski

Од утре ќе биде затворена една лента од автопатот на влезот во Тетово

Sase Ivanovski

Трамп го нападна Зеленски за ставот околу Крим: „Заврши ја работата, ќе ја изгубиш цела држава“

Sase Ivanovski

Евролигата го урна рекордот по гледаност: Партизан на врвот, Црвена звезда на второто место

Sase Ivanovski

Киев Индепендент: Признавањето дека Крим е руски би било кршење на меѓународното право

Sase Ivanovski

Курти: Дадовме оставка, но нема да дозволиме институционален вакуум

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Израелската војска нападна училиште во Газа, над 10 луѓе загинаа

Sase Ivanovski

Германија и Европа преплавени со кокаин

Sase Ivanovski

Почина затвореник од штипскиот затвор

Sase Ivanovski

Грк пријавил украден автомобил, го оставил 20 дена паркиран во Мичурин

Sase Ivanovski

Тони Михаловски: За пуста функција и преку трупови ќе газите, ја распнавте културата

Sase Ivanovski

Обвинителството отвори предмет за неправилен третман на пепелта од РЕК Битола

Sase Ivanovski

Загинаа 26 лица и 17 се повредени во напад врз туристи во индискиот дел на Кашмир

Sase Ivanovski

Секој граѓанин лани создал по 438 килограми комунален отпад

Sase Ivanovski

Девет загинати и десетици повредени во руски напад врз автобус во Украина

Sase Ivanovski

Трамп најави можен пресврт при изјава дека царините за Кина „ќе се намалат значително“

Sase Ivanovski

Царината спречи обид за шверц на парфеми од Дубаи

Sase Ivanovski

Скопјанец ќе одговара за демнење, три месеци ја следел неговата поранешна сопруга и психички ја вознемирувал

Sase Ivanovski

Во тек е акција на Јавното обвинителство и МВР за кривични дела сторени на штета на ФЗО

Sase Ivanovski

Илон Маск сигнализира значително повлекување од одделот за ефикасност по падот на профитот на Тесла

Sase Ivanovski

Телото на папата Франциск пренесено во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

Sase Ivanovski

Портокалова велосипедска тура по повод Националниот ден на Холандија ќе се одржи во петок

Sase Ivanovski

Панел-дискусија по повод 30 годишнината од пристапувањето на Австрија, Финска и Шведска во ЕУ

Sase Ivanovski

Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул и повреди повеќе од 150 лица

Sase Ivanovski

СРПСКАТА ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ВУЧИЌ Дали бил употребен звучен топ?

Sase Ivanovski

ЕВЕ ЗОШТО РУБИО ГО НЕМА ВО ЛОНДОН Го налутила изјавата на Зеленски за Крим

Sase Ivanovski

ОТКРИЕНА НОВА „МЕТАСТАЗА“ Повеќе од 50 лица преку лажни дијагнози овозможувале туѓа нега и инвалидски пензии

Sase Ivanovski

ПАЛЧО ТВРДИ ДЕКА СО КВАЛИТЕТЕН ЌОТЕК СЕ ИЗНУДЕНИ ИСКАЗИ ПРОТИВ НЕГО „Нарачаната пресуда се темели на едно фалсификат видео и на два трагично смешни искази“, вели Палевски

Sase Ivanovski

ПОСЛЕДНАТА ПОНУДА ОД ТРАМП ЗА ЗЕЛЕНСКИ Е ДОЛГА ЕДНА СТРАНИЧКА Кој ќе се откаже од територии во мировните преговори?

Sase Ivanovski

Палевски-Криминалниот ум би ја убил Зорица Ѓоревска, а не Вања оти имотот ќе прејде кај Александар

Sase Ivanovski

Фетаи: Алијанса за Албанците на Таравари останува во владиниот тим, работата во извршната власт продолжува нормално

Sase Ivanovski

Абас: Хамас мора да го предаде оружјето и да стане политичка партија

Sase Ivanovski

Од страв скокнале од височина – Над 150 луѓе повредени во земјотресот во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Палевски тврди дека доказите на Обвинителството се фалсификат

Sase Ivanovski

Јакимовски: Мислев ќе ме ослободат па да се почастиме денес, хајката се води долго време, ме измачија

Sase Ivanovski

Трендафилов: Инспектори, обвинители, административци немаат сѐ уште земено плата, не е време за пиво и скара, туку за борба за работнички права

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Страв од нов земјотрес во Истанбул, повредени над 150 луѓе кои бегале во паника

Sase Ivanovski

Меџити: Владините институции континуирано преземаат мерки против загадување на воздухот

Sase Ivanovski

 Македонски стартап тимови на српскиот „Универзум” – Компанијата „Mozzart“ Србија го започнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“

Sase Ivanovski

Јакимовски осуден на три ипол години затвор за бесправна изградба на објекти за општината

Sase Ivanovski

Манасиевски: СДС повикуваше да го смениме Уставот за да се гордееме, со објаснување дека нема да има нови блокади – ќе се извинат ли сега?

Sase Ivanovski

Мицкоски: Планот за раст и Реформската агенда не е само услов за интеграција, таа е инструмент за оздравување на нашата држава

Sase Ivanovski

Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Преку реализација на капитални проекти, директни странски инвестиции и раст на економијата, на одржлив начин ќе продолжат да растат сите плати

Sase Ivanovski

Спречени обиди за криумчарење парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови

Sase Ivanovski

СДСМ: Трошоците растат а платите стагнираат – стандардот на граѓаните се влошува

Sase Ivanovski

СДСМ: Љутков го гази колективниот договорот и правата на културните работници

Sase Ivanovski

До кога ќе молчат Заев и Филипче за тоа дали поседуваат златни визи за Дубаи и колку милиони им се трансакциите во Дубаи?

Sase Ivanovski

Министерката Димитриеска-Кочоска на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон

Sase Ivanovski

Приведен велешанец за издржување затворска казна од осум години

Sase Ivanovski

Приведен крадец во Радовиш, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

Кривична пријава за несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

Ленче Нелоска именувана за нов директор на Геронтолошкиот завод во Скопје

Sase Ivanovski

Турција забрани планиран царски рез во приватните клиники

Sase Ivanovski

Директорот на Центар за култура во Охрид заработи кривична – издал фактура за сместување на 72 лица, а биле запишани 48

Sase Ivanovski

Меџити повторно го повика Таравари да одлучи дали ќе оди со ДУИ или ќе остане во ВЛЕН

Sase Ivanovski

„МАГА“ Македонија?!

Sase Ivanovski

Просечната нето-плата во февруари 43.053 денари

Sase Ivanovski

Битиќи не го пријавил во анкетен лист накитот кој го одзеле крадците од неговиот дом

Sase Ivanovski

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне на повеќе места пороен дожд и грмежи

Sase Ivanovski
Вчитувам....