Припадниците на СИПА претходно вечера пристигнале во Административниот центар на владата на РС, каде што се наоѓал претседателот на РС, Милорад Додик, со цел да го приведат по налог на Судот на БиХ, кој против него издаде потерница. Меѓутоа, акцијата на СИПА ја спречиле припадници на ентитетската полиција кои застанале во одбрана на претседателот на Република Српска.
EKSLUZIVAN SNIMAK IZ ISTOČNOG SARAJEVA!!
Pripadnici SIPE došli do Administrativnog centra Vlade RS gdje se nalazi predsjednik RS-a Milorad Dodik! pic.twitter.com/uPRZ13rsxf— Slobodna Bosna (@SlobodnaBosna) April 23, 2025
Ваквиот развој на настаните отвора сериозни прашања за состојбата на владеењето на правото во Босна и Херцеговина, како и за тоа колкаво е влијанието на политичките структури врз ентитетската полиција, пишуваат сараевските медиуми. Додик претходно денес престојувал во Шековиќи, каде присуствувал на церемонија на почнување на проектот за гасификација на источниот дел на РС. Потоа пристигнал во Административниот центар во источно Сараево, на состанок со локалните функционери. Токму таму сакале да го уапсат припадниците на СИПА, но неговото обезбедување му овозможило да остане недопирлив. Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина, Рамо Исак, денеска изјави дека Федералната полициска управа (ФУП) е подготвена да ѝ помогне на Државната агенција за истрага и заштита (СИПА) во апсењето на претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Откако полицијата на Република Српска ги отстранила инспекторите кои се обиделе да му достават налог за апсење на Додик, тој изјавил дека разговарал со директорот на Федералната полициска управа, Вахидин Муњиќ, кој го информирале дека ФУП веднаш го подигнала нивото на тревога, а во базата биле испратени и припадници на Специјалната полициска единица, пренесува сараевскиот портал „Кликс“. Како што изјави Исак, ФУП е подготвена веднаш да ѝ пружи помош на СИПА, доколку добие наредба за тоа од државните правосудни институции.
„Ги повикувам главните инспектори и одговорните лица во СИПА да станат сериозни. Испраќањето на неколку инспектори во Административниот центар на Владата на РС во Источно Сараево со наредба да се обидат да го приведат Милорад Додик, сето тоа без помош на Специјалната единица СИПА, навистина фрла сомнеж во способноста на државната агенција да обезбеди доследност и менаџирање на целата нејзина територија, како и во нејзината способност да ја анализира примена на законот во извршувањето на оперативни акции“, рече Исак.