Новинарот на „Слободен печат“ Срѓан Ивановиќ вечерва во „Само вистина“ на „Канал 5“ рече дека евентуалното напуштање на власта од страна на Арбен Таравари и неговите петмина пратеници, нема да предизвика поголем потрес во власта.
„Новата влада има тенденција да се избори со криминалот и корупцијата . Далеку сме од реализација и влез во решителна борба со корупцијата, тоа што е во нивна надлежност сега-засега постои таква тенденција тоа да се направи, иако ми делува понекогаш претерано дека се оди дваесет години наназад: „Еве, уапсивме тројца градоначалници“, но тоа беше и главно ветување во предизборието“, рече Ивановиќ.
„По локалните или по некои редовни или предвремени избори може да дојде до проблеми во власта, но сега доколку овие петмина пратеници на Таравари евентуално ја напуштат Владата, не би направиле некој потрес, додаде тој.