Украинските вооружени сили денеска соопштија дека извршиле напад врз руски објект за производство на беспилотни летала во градот Јелабуга, над 1.000 километри оддалечен од границата со Украина.
„Познато е дека е оштетена производствената линија за финално склопување на беспилотни летала“, стои во соопштението на украинската армија објавено на Телеграм. Фабриката, според украинските податоци, има капацитет за производство на 300 дрона дневно