По повод Светскиот ден на книгата, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари посета на Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.
За време на посетата, Гаши ги посети просториите на библиотеката каде што се информира одблиску за развојот, новините и предизвиците со кои се соочува оваа институција. Тој исто така оствари отворен и пријателски разговор со студенти, професори, автори и вработени во библиотеката, каде што дискутираа за заедничката страст кон книгата и библиотеката. Во текот на дискусијата, Гаши ги сподели своите лични искуства и размислувања за значењето на книгата во општеството.
Изрази подготвеност да понуди секаква можна поддршка за библиотеката, потенцирајќи ја улогата на оваа институција во обликувањето на поактивно и поразвиено општество. На крајот од посетата, тој ја изрази својата благодарност за топлиот пречек и симболично повторно се зачлени во библиотеката, потврдувајќи ја својата постојана поврзаност со овој храм на знаењето.