Дванаесет лица загинаа, а осум други се повредени во сообраќајна несреќа во државата Чивава, на северот на Мексико, соопштија во средата локалните власти. Во несреќата во вторникот вечерта, меѓу заедниците Гуачочи и Јокиво, учествувало возило пикап, се вели во соопштението на канцеларијата на државниот јавен обвинител.
„Возачот на возилото што ја предизвика несреќата го напуштил местото на сударот, а потоа од предметното возило излегле вооружени лица“, објави претходно истиот извор. Обвинителството појасни дека неколку од повредените се пренесени во различни болници во државата. Сообраќајните несреќи во Мексико во последните години се умножија. Главните причини се лошата состојба на возилата и патиштата, замор или невнимание на возачите, објаснуваат надлежните. Во еден од најтрагичните вакви инциденти оваа година, камион се судри со автобус, при што на 8 февруари во југоисточната држава Кампече загинаа 38 лица.