„За жал колегите од Левица не се тука, ама верувам дека ќе имаат можност да слушнат и да видат, многу пари гледаме и слушаме и се трошат. Од она што јас го гледам е луксуз во облека, овде на говорница колеги да ве потсетам печати се удираа со скапо купени кондури кои секој месец се купуваат и во различни бои ги има колегата Димче, па колегата Димче гледам вози и луксузни автомобили, луксуз на секоја страна“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска на денешната собраниска седница за пратенички прашања.
Стаменкоска Трајкоска праша за тоа до каде е работата на надлежните во врска со фамозното богатење на Левица? „На оваа говорница овде почитуван премиер, објавивте дека Левица купила деловен простор во центарот на Град Скопје по багателни цени, квадрат за 721 евро, а таа цена на пазарот е повеќе од 2,000 евра за метар квадратен. Сакам да знам и македонската јавност да знае до каде е работата на надлежните да го испитаат случајот дали имате информации до каде е случајот со ова фамозно богатење на Левица и нејзините припадници“, посочи Стаменкоска Трајкоска.