Фатмир Битиќи во изјава за медиуми во врска со грабежот во неговиот дом кажа дека му е одземена папка со класифицирани документи. Го прашуваме Фатмир Битиќи и СДС да кажат кои се тие класифицирани информации кои му се украдени, и како се нашле во негов посед? Дали станува збор за највисоки државни тајни, и како и зошто истиот тој ги чувал во својот дом? Државните функционери немаат право да ги изнесуваат државните тајни и класифицирани документи од институциите во кои тие се наоѓаат и каде се заштитени.
СДС да каже дали изнесувањето на клааифицирани информации од институциите со кои управувале е партиска пракса и насока? И СДС и Фатмир Битиќи веднаш да ги известат органите за каков вид на документи станува збор. А граѓаните дали со кражбата на тие документи е загрозена Македонија. СДС и Фатмир Битиќи мора да им кажат на граѓаните дали Македонија е загрозена со кражбата на документи кои Фатмир Битиќи не смеел да ги чува во свој посед? Воедно го повикуваме ЈО да поведе постапка против Битиќи. Одговорност мора да има.