Од јануари до сега во општина Куманово реализирани се: асфалт – 6431 м2, бекатон –11743 м2, атмосферска и фекална канализација- 600 м1 и 4 детски катчиња. Од почетокот на оваа година до сега општина Куманово спроведе значајни инфраструктурни проекти, со цел подобрување на урбаните и руралните области. направени се следниве ифраструктурни проекти: Асфалтирање на улици „320“, „324„и „325“ во населба Ајдучка Чешма, Асфалтирање на улица во Чифлик Маало во село Табановце, Бекатонирање на улица „6“, „2“, „9“и крак 2 од улица „1“ во населба Јане Сандански
Бекатонирање на улица „101“, „102“ , „104“ во населба Карпош, Бекатонирање на крак 1 од улица „Ѓорче Петров“ во населба Перо Чичо, Бекатонирање на улица „Цар Самоил“ во близина на градскиот стадион, Бекатонирање на улица „604“ во Проевце, Пробивање и изградба на нови улици во индустриска зона „Новини и Речица„ , Изградба на атмосферска канализација на улица „Бајрам Шабани“, Изградба на тротоар на дел од улица ,,11 Ноември“ , Санација на локален пат во село Сушево
Реконструкција на улица „705“ и дел од улица „Ѓорче Петров“ во населба Перо Чичо. Реконструкција на патен премин со железничка пруга во село Черкези. Направени се три детски катчиња од кои едно на градскиот кеј , едно во населба Перо Чичо и едно во населба Зелен Рид. Продолжуваме со реализација на годишната програма во сите делови на градот,во следниот период.