Култната сала Работнички ја пуштаме во употреба во септември. Денеска, заедно со претседателот на СДСМ Венко Филипче извршивме увид во градежните активности, реконструкцијата се одвива во полн ек. Првата фаза е успешно завршена и отпочнавме со втората фаза.
Салата Работнички е срцето на македонската кошарка. Таа е дел од нашето колективно паметење, генерации израснале тука – како спортисти, како навивачи, како луѓе. Нашиот Работнички го враќаме дома – на својот победнички терен. Работиме посветено, и ја менуваме реалноста – чекор по чекор, проект по проект. Работнички е нашата гордост. Нашата сила. Наш поттик за нови победи!
View this post on Instagram