Се размотува клопчето околу деловниот простор од над 400 м2 на Левица во центарот на Скопје, вистината целосно излегува на виделина. Тезите дека Левица купила подрум, воопшто не се точни и претставува манипулирање на членството на таа партија, но и граѓаните воопшто. Фотографиите кои ги видовме од деловниот објект, јасно се гледа дека не е само подрум во прашање, туку и високо приземје.
Интересно е што во овој објект на Левица пред нецели два месеци е отворена фирма и кафе бар, а сопственикот на истиот е член на Централниот комитет на Левица Зоран Ивановски, кој истовремено е и член на УО на ЈП Водовод и канализација. Ова е извадок од тековна состојба од која се гледа дека адресата на фирмата на Ивановски е во дуќанот на Левица. Ивановски може да се види често и во друштво на Димитар Апасиев. Почитувани, толку од скромноста и левичарството на Апасиев и Левица, од левичари до могули со кафе барови преку ноќ. И Апасиев и Левица се демаскирани.