СДСМ манипуралира за реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Никола Тесла“, велат денеска од Општина Куманово како реакција на прес конференцијата на СДСМ. Реакцијата на Општина Куманово ви ја пренесуваме интегрално: „СДСМ во медиумите за реконструкција на водоводна мрежа улица Никола Тесла манипулираше во 2023 година, a манипулира и денес.
На 12.06.2023 година тогашниот претседател на ОО СДСМ Куманово на прес конференција на таа локација, Александар Арсиќ, придружуван од советниците и други членови на СДСМ , тврдеше дека Владата на СДСМ ќе изгради нова водоводна мрежа во должина од 2км на улица “Никола Тесла”, во износ од 300.000 евра. Тоа ветување не се реализира иако истите беа на власт.
Манипулираа тогаш, манипулираат и сега , а договорот кои што е склучен со министертвото и тогашниот министер Благој Бочварски, не е реализиран во целост и тоа е главна причина зошто овој вод не е пуштен до ден денешен во употреба, а граѓаните кои што живеат во тој дел на градот за жал се снабдуваат со вода за пиење преку овој вод, а дел од нив со право реагираат бидејќи немаат континуиран дваесет и четри часовен дотур на вода. Токму поради тоа што тие од позиција на власт и во време на управување со оваа министерство не го реализираа овој договор како и многу други во општината. Пример е и канализација во село Тромеѓа. Парите ги потрошија, а ефект од сработеното нема,сеуште општината се соочува со проблеми и неможе да ги превзема новоизградени инсталации под своја надлежност и неможе ги пушти во употреба.
Општина Куманово и Министерство за транспорт и врски на 23.11.2022 година склучува договр за реконструкција на водоводна мрежа за дел од улица Никола Тесла во износ од 19.246.595,00 денари со вклучен ДДВ. Во овој износ општината учествува со сопствени средства од 2.935.921,00 денари,а останатите средства ги обезбедува министерсвтвото за транспорт и врски. Согласно договорот средствата во целост ги реализира Министертво за транспорт и врски. Финансиски обврски на општината се исплатени според склучениот договор.
View this post on Instagram