Изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ преку соопштенија во јавноста прашува на кој начин поранешниот премиер и екслидер на СДСМ, Зоран Заев, стигнал до златна виза во Дубаи и дали ваква виза поседува и актуелниот лидер на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче. Лидерот на СДСМ Венко Филипче . „Немам виза поврзана со инвестиции и со недвижнини. Немам илјадници евра, немам сметки. Немам виза поврзана со милиони, со авиони и камиони. Едноставно имам виза што ми овозможува да патувам“,рече тој.
Од ВМРО-ДПМНЕ и вчера ги повикуваа Филипче и Заев да одговорат колку милиони им се трансакциите кон Дубаи. „Тандемот Заев и Филипче да каже од каде му се милионските трансакции кон Дубаи. На кој начин ги стекнале тие средства и дали се тоа провизии од зделки и тендери во четири“,посочија од партијата.