Грампa Симпсон и Мо Сислак регрутираат талентиран бејзбол играч од Македонија за локалниот тим „Springfield Isotopes“. Епизодата ќе биде емитувана во недела, на 27 април, во 2:00 часот по полноќ по македонско време. Во следната епизода на култната анимирана серија „Симпсонови“ (The Simpsons) ќе се појави лик од Македонија, а во креирањето на содржината учествуваа тројца македонски автори – Невена, нејзиниот брат Наум и сестра ѝ Калина, познати по едукативниот детски Јутјуб канал „Дарко Биберко“.
Во епизодата со наслов „Abe League of Their Moe“, која ќе се емитува на 27 април 2025 година во 20:00 часот по источно американско време (02:00 часот по македонско време) на американската телевизија Фокс, гледачите ќе имаат можност да запознаат спортист од Македонија кој пристигнува во Спрингфилд како вистинска сензација – и тоа во, како што шеговито се наведува, „најисконскиот македонски спорт“ – бејзбол. „Имено, креатороте на The Simpsons одлучиле да внесат лик — спортист кој доаѓа во Спрингфилд како голема сензација од Македонија. За кој спорт станува збор? Нормално, за најпопуларниот и најисконски македонски спорт … бејзбол“, напиша Невена на својот фејсбук профил.