Две повозрасни жени, сестри, загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила утринава на загрепската обиколница (А3), јавија хрватските медиуми. Според информациите, двете жени, од кои едната живеела во Данска, оделе на свадба кај роднини во Славонија. Семејната веселба е одложена по веста за нивната трагична смрт. „Првата пријава беше дека се работи за сообраќајна несреќа со неколку повредени лица, а едно лице е во бессознание. Кога стигнавме на местото на интервенцијата, забележавме дека две лица се всушност повредени, а жената која седела на возачкото место во автомобилот веќе починала“, изјави доктор Адис Керановиќ.
Едната жена, која била жива во моментите кога пристигнала Брзата помош, со хеликоптер била пренесена во болница, заедно со уште едно, трето лице, кое е тешко повредено. Но, лекарите не успеале да ѝ го спасат животот на жената. Според полицијата, несреќата ја предизвикал 52-годишен возач на комбе, кој возел пребрзо на автопатот и удрил во автомобилот кој го возела една од жртвите, 67-годишна жена.