Вчеравечер во охридската полиција било пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“, автомобил удрил во пешакот Е.С.(59) од градот и избегал од местото на несреќата.
„Пешакот бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за автомобил „Фолксфаген Ап“ со охридски таблички, управуван од С.П.(24) од Охрид“, пишува во полициското соопштение. По извршено алкотестирање, кај возачот и пешакот не е утврдено присуство на алкохол во организмот. По овластување на јавен обвинител увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додека по целосно документирање на случајот против С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.