МАКТЕЛ

     

Водвиљ во Владата, а и околу неа

      

Драмата во „Вреди“ не дојде одненадеж, како што можеби изгледаше пред четири-пет недели, туку таа тлееше подолго време внатре во коалицијата, но не беше јавно изнесена. Таа драма, или караница, министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, само јавно ја изнесе. И го навлече гневот на неговите тројца коалициски партнери. Дури многу добрите познавачи на состојбите во албанскиот политички блок меѓу албански новинари не можат докрај да ги разјаснат вистинските причините зошто дојде до овој јавен судир меѓу партнерите, иако се наведуваат повеќе можни ситуации. Но некои работи сега изгледаат појасни, и покрај тоа што развојот на ситуацијата и натаму изгледа маглив. Арбен Таравари има историја на политички пресврти и овој негов лупинг не изгледа многу чуден и политички непримерен. Таравари има неколку причини зошто јавно ја отвори оваа жешка дебата. Првата е што тој е највидливиот член на коалицијата „Вреди“, но по одлуката на судот во Тетово може конечно да остане без својата партија Алијанса за Албанците, затоа што процесот го доби ривалското крило на Зијадин Села. Таа судска одлука сега е во процесот на жалба до Апелацискиот суд во Гостивар.

„Вреди“ беше формирана само со една цел – да ја исфрли ДУИ од власта по 20 години и тоа со едноставна нумеричка акција: заедно да добијат повеќе гласови од ДУИ и нејзината коалиција „Европски фронт“. Или барем да бидат блиску со гласовите на парламентарните избори. На изборите во мај 2024 „Вреди“ доби 107.000 гласови, а „Европскиот фронт“ на ДУИ 138.000. Во мандати тоа беа 18 за „Европскиот фронт“, а 14 за „Вреди“. Поради релативно блискиот резултат големиот победник на изборите, ВМРО-ДПМНЕ, можеше да го одбере „Вреди“ за коалициски партнер, а не победникот во албанскиот блок. „Вреди“ од тогаш тврди дека тие, всушност, добиле најмногу гласови од Албанците, затоа што во „Европскиот фронт“ имаше и партии од други етнички заедници. Се разбира, тоа беше клучниот политички наратив за да се докаже зошто тие ќе влезат во владата, а не ДУИ. Премиерот Христијан Мицкоски тоа го прифати со леснотија, затоа што една од темите во кампањата беше ДУИ конечно да се исфрли од власта и да види како изгледа да си во опозиција.

   

Нумеричка коалиција, без идеолошка платформа
Проблемот на „Вреди“ се гледаше уште од самиот почеток – таа коалиција нема никаква заедничка идеолошка платформа. Четирите партии се прилично различни – од националисти, религиозни структури, умерено левичарски. Тоа не е ништо специјално различно, но тие по формирањето не направија ништо да преземат чекори да почнат прегрупирање со кое ќе почне формирањето на една заедничка партија. Надвор од суетите на четворицата лидери кој да биде предводникот, требаше да се конципира идеолошкиот столб врз кој ќе се потпира новата партија. А тоа навистина може да биде многу комплицирано, затоа што некој може да го загуби идентитетот, бидејќи за да се формира партија од четири идеолошки различни субјекти не може да биде некаква еклектичко франкенштајнска логика – ајде да земеме од секаде по нешто. По формирањето на владата тие беа опседнати со поделба на пленот – која партија колку министерски и функционерски места ќе добие. Местата ги дела рамноправно, по 25 проценти, иако секоја од партиите имаше различен удел во освојувањето на гласовите. Така, на пример, најслабата партија од овие четири, Алтернатива, го доби местото претседател на парламентот, што драматично несоодветствува со нејзината моќ.

Nordmazedonien | Logo der Koalition VLEN (VREDI)
Проблемот на „Вреди“ се гледаше уште од самиот почеток – таа коалиција нема никаква заедничка идеолошка платформаФотографија: Vlen
Арбен Таравари беше главното лице на оваа коалиција затоа што беше избран за кандидат на претседателските избори. Тој доби 83.000 гласови во првиот круг, додека кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, 121.000. Без оглед на големата разлика, тоа беше добар резултат за Таравари. Тогаш Таравари веќе го имаше статусот на неформален лидер на „Вреди“. Сега Таравари се плаши дека може да загуби многу по овие девет месеци во Владата. Тој е загрижен што во неговиот бастион, градот Гостивар, каде што до пред девет месеци беше градоначалник, за неколку стотици гласови коалицијата „Вреди“ освои помалку од ДУИ. И дека тој тренд ќе продолжи до локалните избори оваа есен.

Во неколку телевизиски интервјуа Таравари изјави дека нивните анкети покажале оти 70 отсто од албанските гласачи биле незадоволни од перформансите на албанските министри во владата (тоа значи дека во тоа незадоволство е вклучен и самиот тој), но дека имало генерално задоволство од работата на целата влада. Изгледа дека тој не е далеку од вистината. Главната причина е слабиот квалитет на министрите од „Вреди“ и што нивните ресори се маргинализирани. Ако продолжи ваквата перцепција меѓу албанските граѓани тогаш локалните избори навистина може да бидат сериозен неуспех за „Вреди“. Таравари сака да го избегне ваквиот можен исход и побара од коалициските партнери четирите партии да излезат со самостојни советнички листи на локалните избори, а за градоначалници да имаат заеднички кандидати. Другите три партии не се согласуваат со тоа. И имаат свои причини за ваквиот став. Овие четири партии се главно локалистички позиционирани, без поголема поддршка низ целата држава. На пример, Беса најголемата поддршка ја има во Тетово и околината, Демократско движење на вицепремиерот Изет Меџити поддршката ја има главно во Скопје, додека Алтернатива на спикерот Африм Гаши може да освои само маргинален број советници. Таравари преку самостоен настап на локалните избори сака да покаже дека тој и натаму е главното лице на „Вреди“.

Дали ќе излезе од „Вреди“ (а и од владата) е прашање на кое би требало да има одговор до крајот на април или на почетокот на мај. Премиерот Христијан Мицкоски најавува дека ќе се сретне и ќе разговара со Таравари околу 1 мај или после тоа. Како да се работи за преговори со Софија за решавање на проблемот со уставните измени, а не меѓу доверливи коалициски партнери. Нема некоја голема политичка филозофија зошто Мицкоски ја одложува официјалната средба со Таравари (иако тие во меѓувреме повеќепати разговарале). Мицкоски сака, доколку тоа е можно, да се смири бурата во албанската коалиција и владата и самиот тој да излезе со што помалку лузни од ова политичко невреме. Изет Меџити јавно го притиска Таравари да се изјасни дали останува во „Вреди“или сака да оди со ДУИ. И ако не е во „Вреди“ тогаш треба да оди со ДУИ во опозиција. Тој ги поставува работите црно-бело: ако не си во „Вреди“, тогаш мора да бидеш со ДУИ. Не може да бидеш самостоен субјект кој ќе настапува независно во политиката или на локалните избори. Таравари последниве денови не се изјаснува прецизно откако ја фрли политичката бомба. Сигурно ги премерува политичките добивки и можните загуби. Таравари вели дека Алијансата за Албанците ќе излезе од Владата само ако премиерот им ја покаже вратата. Дотогаш ќе си седат во фотелјите. Според него, премиерот е тој што формира влада и никој друг нема право да кажува кој треба да биде во владата. Да бидеме рационални и да не брзаме, но нема да биде проблем и да нѐ исфрлат од владата, рече Таравари.

Ризик и за Таравари и за Мицкоски
Ризикот за Таравари е голем. А голем е и за премиерот Христијан Мицкоски. Тој ќе мора да најде добро објаснување како ќе функционира владата ако Таравари остане министер, а не е дел од „Вреди“. Алијансата на Таравари има пет пратеници од 14-те на „Вреди“, што значи дека ќе може да формира парламентарна група. Доколку Таравари биде приморан да оди во опозиција мнозинството на владата ќе биде 73, што е за седум помалку од двотретинското за усвојување на клучни закони или промена на уставот. Владата и натаму ќе биде стабилна, но тоа веќе нема да биде тоа. Мицкоски јавно настојува да ја смири ситуацијата, велејќи дека ништо не е загрижувачки. Таравари признава дека има контакти со ДУИ, но не во правец да се приклучи на нејзината коалиција. Веројатно и самиот не знае како ќе се развива ситуацијата. Како, на пример, би отишол на локалните избори ако Апелацискиот суд кусо време пред гласањето би ја потврдил одлуката на тетовскиот суд дека печатите му припаѓаат на Села. Дали ќе има доволно време да регистрира нов политички субјект, дали тој евентуално ќе биде препознаен од албанските гласачи; дали ќе мора да оди со независни листи? И дали тоа може да се претвори во негов политички армагедон? За него изгледа е најдобро многу брзо конечно да ја донесе одлуката каква е неговата улога во овој политички водвиљ во владата и да може да се подготвува за изборите наесен. Што подолго одовлекува да го направи клучниот чекор по неговиот меѓупотег, работите ќе бидат на негова штета. После евентуалниот колапс на локалните избори пратениците од неговата група може да се разбегаат на различни страни, а тој да мора да се врати целосно на неговата работа во Клиничкиот центар по лошите политички пресметки. Каква и одлука да биде донесена тоа нема да ги реши проблемите во „Вреди“. Покрај идеолошките разлики таму има и битка на суети, затоа што секој сака да биде главен, или да не биде второстепен.

Во целата ситуација Алијансата за Албанците на Зијадин Села го држи Таравари на груба дистанца. Нема информации дали Села и Таравари преговараат за повторно да се здружат, но има изјави дека Села бара Таравари да се извини и да поднесе оставка. Што значи, да се помоли за прошка како некаков заблуден син кој се одметнал без татковиот благослов. Таравари ја отфрла таа можност, но со него никогаш не се знае. Може да направи уште еден пресврт, но тоа треба да биде направено така што и Села и Таравари да изгледаат како победници и никој да не изгледа понижено. Тука се поставува прашањето – што ако Села и Таравари повторно се здружат, дали Алијансата за Албанците ќе остане во коалицијата на ДУИ. Доколку тие повторно бидат заедно таа партија може да биде game changer на локалните избори. Не дека ќе победи, но ќе земе значителен број гласови. Можеби повеќе од „Вреди“отколку од ДУИ. Изет Меџити неколку пати изјавува дека „Вреди“ се забрзани активностите за обединување во една партијата (без Таравари) за да може да имаат поголем успех на локалните избори. И тоа може да биде во функција на контрола на штетата што може да се случи. Но бидејќи знаеме дека коалициите меѓу албанските партии се распаѓаа исто толку брзо како што се создаваа, никој не може да каже како и до кога би функционирала една ваква партија.

Целата ситуација не изгледа добро ни за еден од актерите: Арбен Таравари ризикуваше многу со неговите изјави за можното напуштање на „Вреди“ и одлуката на изборите да оди со самостојни советнички листи. Но во исто време може политички да се еманципира од другите тројца партнери. Тоа е ризична игра. Изет Меџити сака да се претстави како клучен лидер на „Вреди“ (а доаѓа од ДУИ, каде беше 20 години во врвот на партијата), но неговата работа како министер за екологија е многу скромна, речиси никаква. Тој дава само политички изјави, а малку за ресорот што го води. Речиси и да не го интересира тоа. Главниот интерес на Билал Касами е да добие уште еден мандат како градоначалник на Тетово, а со вака поделена „Вреди“ тешко ќе биде да победи и покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе застане зад него и покрај неговиот лош мандат оптоваран со многу албански национализам. Африм Гаши ќе направи сѐ да остане во владината коалиција, тој и не може да помисли да замине од функцијата претседател на парламентот. Тој е прилично безличен на оваа функција, но ужива во неа. А ДУИ? За партијата на Али Ахмети оваа поделба во „Вреди“ и слабите перформанси на министрите се политички капитал кој им доаѓа речиси бесплатно. И настојува да го искористи што е можно подобро: да ги поттикнува поделбите, да кокетира со актери од „Вреди“, да ја подјадува поддршката за коалицијата во јавноста. И да чека како таа поддршка се намалува уште повеќе. Освен ако не покаже голема нестрпливост, па албанските гласачи и на локалните избори да ги позиционираат на пристојна дистанца од власта.

Демкиши во голубарникот
Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски се врати на агендата на успеси што треба да се појават на хоризонтот. Ќе имало инвестиции од 5-6 милијарди долари – од Емиратите ли или и од некои други места. На шеиците им понудил неколку подрачја на Охридското Езеро за инвестирање (тоа заликува во стота со она што му го понудија на Субрата Рој неговите претходници во партијата – Никола Груевски и Зоран Ставрески). Па Чебрен, против чија изградба од грчкиот конзорциум одржаа стотици прес-конференции и заедно со здружението на инженери наглас викаа да го гради македонската држава. Па, Емиратите да биле дел од изградбата на коридорите 8 и 10д (можеби да ги финансираат ратите што треба да им се платат на „Бехтел и Енка“). Па во четвртокот се сврте уште еднаш како змејот од „Господарот на прстените“ против Левица да блуе оган претставувајќи ја како главна опозициска партија (посредно сугерирајќи дека можеби има некаков политички пакт за сериозно ненапаѓање со СДСМ). И по фалбите на обвинителството како ја води истрагата за Кочани, се врати на својата омилена тема – правосудството. Пред пратениците во четвртокот зборуваше дека членовите на Судскиот совет, на кои Собранието им изгласа недоверба, уште земале „илјадници евра месечен надомест“, а во Советот на јавни обвинители седеле луѓе со „образ ѓон“. И уште додаде: „Ако некој мисли дека ние имаме кратко помнење се лаже, нема така едноставно да поминуваат некои работи“. Но тоа може да се однесува и за него и неговата влада. Ако мисли дека граѓаните имаат кратко паметење за сето она што го ветија во кампањата за изборите и во годината пред неа, може да се излаже. Може тој мисли дека неговата партија е позната што нема кратко паметење, но и граѓаните долго паметат. Нивната казна може да дојде кога најмалку очекуваш, особено кога реформите станаа мисловна именка, кога владата и партијата сака да контролира сѐ, па дури и тагата, и кога се откажа од ЕУ за да останеме во македонскиот голубарник. Каде што тие ќе бидат најубавите демкиши.

Љупчо Поповски

  

Најново

(ВИДЕО) Разликата меѓу фин дечко и добар маж

Sase Ivanovski

Направете ги овие 5 работи за да заработите многу пари

Sase Ivanovski

Како се живее во Зрновци, најмалата општина во Македонија

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ И ТРАМП СО ФОТКА НА ДЕНОТ ОД НИВНАТА СРЕДБА ВО ВАТИКАН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дупка во асфалтот на улица „Христо Татарчев“ во Кисела Вода ги загрозува учесниците во сообраќајот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вештачката интелегенција го трансформира образованието и работната сила во Tајван

Sase Ivanovski

Почина Вирџинија Џуфре, која го обвини британскиот принц Ендру во скандалот со сексуална трговија со Епштајн

Sase Ivanovski

„Уметноста на договорот“ се среќава со глобалната реалност

Sase Ivanovski

Мицкоски од семинарот на ПИАЦ ,,Љубиша Георгиевски“: ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција, одиме на огромна победа на изборите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Од левичари и глумење скромност, до деловни објекти во центарот на Скопје и кафулиња со тераси, тоа е Левица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Бујар призна дека договарал со Бугарите со дозвола на СДС

Sase Ivanovski

Франциск е првиот папа кој ќе биде погребан надвор од Ватикан по повеќе од еден век

Sase Ivanovski

Потврдите за неосудуваност ќе се издаваат онлајн

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Меџити: Не ја прифатив понудата на ДУИ да го напуштам ВЛЕН, она што не го постигнаа со мене, го постигнаа со Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Меџити: Потполно им верувам на Касами, Ибрахими и Гаши – не обединува идејата!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАПА, PONTIFEX MAXIMUS – Оливер Шамбевски и Звонимир Јанкулоски во Стадион на Канал 77

Sase Ivanovski

Пред 17 години, Марк Цукерберг покани 5 луѓе во неговата соба во студентскиот дом на За што? Да зборуваме за бизнис можност

Sase Ivanovski

Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората – 2025

Sase Ivanovski

Во 1989 година, архитектот И.М. Пеи застана пред една од неговите најпознати креации, пирамидата Лувр во Париз

Sase Ivanovski

Чернобил сега е 47% помалку радиоактивен, благодарение на новоразвиената технологија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали сте го знаеле ова? Во Белгија даските за пеглање се користат како импровизирани маси за пијалоци на журка

Sase Ivanovski

Скопје има најголема мрежа на банкомати, ама во Шуто Оризари нема ниеден

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возачот кој со автомобил удри пешак во Скопје

Sase Ivanovski

Трамп немал време да ѝ купи роденденски подарок на Меланија

Sase Ivanovski

Добри вести за Србија: Ново одложување на санкциите за НИС

Sase Ivanovski

Строги правила за облекување на погребот на папата Франциск

Sase Ivanovski

КРИМ ОСТАНУВА НА РУСИЈА, СЛЕДУВА ЕКОНОМСКИ БУМ СО ЦАРИНИТЕ Трамп во големо интервју за „Тајм“

Sase Ivanovski

Трамп: Русија и Украина се „многу блиску до договор“

Sase Ivanovski

Меџити тврди дека прв имал понуда да го растури ВЛЕН: Ахмети ќе се пензионира

Sase Ivanovski

Обвинителите бараат смртна казна за Луиџи Манџоне, тој пред судот рече дека е невин

Sase Ivanovski

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Sase Ivanovski

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција, одиме на огромна победа на изборите

Sase Ivanovski

24-годишен возач удрил пешак во Охрид и избегал, но полицијата го пронашла

Sase Ivanovski

Муцунски е разочаран од Таравари: Не треба да соработуваме со оние што ја помагаат ДУИ

Sase Ivanovski

Атанасовски: Да доживеам и да видам во Македонија да се гонат и актуелни функционери

Sase Ivanovski

15 милиони евра од ЕУ за македонската армија

Sase Ivanovski

Синот на заменик директорот на ЦИА е убиен додека се борел за Русија

Sase Ivanovski

ИТАЛИЈА ДЕНЕС ГО ПРОСЛАВУВА ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО ОД ФАШИЗМОТ

Sase Ivanovski

Тошковски: Присуствував на 79-от роденден на Ловечката федерација на Македонија и отворањето на манифестацијата Денови на македонското ловство

Sase Ivanovski

ОН: За две недели во Дарфур убиени над 480 цивили

Sase Ivanovski

Поранешниот конгресмен Сантос осуден на седум години затвор за измами и кражба на донации

Sase Ivanovski

Муцунски: Заедно со мојот колега, министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ, денеска го посетивме Музејот на македонската револуционерна борба и присуствувавме на настап на Националниот џез оркестар

Sase Ivanovski

Најмалку 21 лице загинаа при израелски напад врз Појасот Газа

Sase Ivanovski

Погребот на папата можност за прва средба меѓу Фон дер Лајен и Трамп

Sase Ivanovski

Трамп: Украина и Русија се блиску до историски договор

Sase Ivanovski

Заменик министерот Велковски во средба со комесарот за човекови права на Советот на Европа О’Флаерти: Инклузијата на Ромите во фокусот

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова на погребот на Папата Франциск

Sase Ivanovski

Збогување со папата Франциско: Како ќе тече погребот

Sase Ivanovski

Мицкоски од семинарот на ПИАЦ ,,Љубиша Георгиевски“: ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција, одиме на огромна победа на изборите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Изет Меџити: На ДУИ не и се доволни девет партии, сега го бара и Таравари, но ВЛЕН ќе победи на локалните избори

Sase Ivanovski

Погребот на Папата најголемата безбедносна операција за италијанската полиција досега

Sase Ivanovski

Азири: Над 80 насто од Албанците се незадоволни од Владата!

Sase Ivanovski

Нападнат бил 76-годишен човек во Карпош

Sase Ivanovski

Облачно и нестабилно, можно е невреме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Македонската фудбалерка Андонова со прекрасен гол против Реал Мадрид

Sase Ivanovski

Маж му се заканувал со нож на девојче во центарот на Скопје

Sase Ivanovski

Трагедија во Хрватска – во страотен судир на пат загинаа две сестри кои оделе на свадба

Sase Ivanovski

Запечатен ковчегот на папата Франциск – 250.000 луѓе му оддадоа почит

Sase Ivanovski

Муцунски е разочаран од Таравари: Не треба да соработуваме со оние што ја помагаат ДУИ

Sase Ivanovski

24-годишен возач удрил пешак во Охрид и избегал, но полицијата го пронашла

Sase Ivanovski

Трамп до Путин по новите напади врз Киев: „Владимир, СТОП!“

Sase Ivanovski

По три месеци хаос во Вашингтон, политичката ракета на Илон Маск остана без гориво

Sase Ivanovski

Истрага за 19 годишник кој во Кисела Вода им нанел тешки повреди на две лица

Sase Ivanovski

Сè уште се чека да се раскинат концесиите за малите хидроцентрали во Маврово и на Шар Планина

Sase Ivanovski

ОАЕ ја укинуваат визата за државјаните на Северна Македонија, објави премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Руски офицер загина во експлозија на автомобил во Москва пред посетата на претставникот на Трамп

Sase Ivanovski

Ако вработеноста кај жените е колку кај мажите, БДП би пораснал за 2,5 милијарди евра

Sase Ivanovski

Лик од Македонија и песна на македонски јазик во следната епизода на „Симпсонови“

Sase Ivanovski

Едно лице повредено во вооружена престрелка на Бит Пазар

Sase Ivanovski

Обвинителството ќе ги испитува повредените и семејствата на жртвите во Кочани на почетокот на мај

Sase Ivanovski

Студентите на УКИМ ќе можат да работат во компании, практичната работа ќе биде дел од студиските програми

Sase Ivanovski

Тројца полицајци од Кочани пријавени за злоупотреба на службена положба во случајот со дискотеката „Пулс“

Sase Ivanovski

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ не може да соработува со некој кој што соработува со ДУИ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Распределени 334 милиони денари за проекти во МОН, исплатени 2.404.561.224 денари кон 14502 тутунари, укинати визите за ОАЕ

Sase Ivanovski

СДСМ: Хаос на улиците и нарушена безбедност, уште колку луѓе треба да загинат за Тошковски да понесе одговорност?

Sase Ivanovski

Костовски: Со поддршка од Владата, општина Бутел се трансформира и ќе аплицира со 38 проекти на вториот повик

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Единствената работа што беше организирана во владеењето на СДС и ДУИ беше криминалот

Sase Ivanovski

Бугарија сè уште не одговорила на барањето на Македонија за средба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРЕСТРЕЛКА ВО БИТ ПАЗАР- ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА, ОШТЕТЕНИ СЕ ОБЈЕКТИ И ВОЗИЛА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА МЕСЕЧНО СЕ ВРТАТ ВО БИЗНИСОТ СО БРЗИ ПОШТИ ВО МАКЕДОНИЈА – Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС, за Бизнис муабети на Фактор

Sase Ivanovski
Вчитувам....