МАКТЕЛ

     

Македонија ги игнорира препораките на ОБСЕ-ОДИХР за измени во Изборниот законик

      

Ако сакаме да бидеме демократска држава и да имаме директна демократија каде што граѓаните ќе бидат вклучени без да мора да поминуваат низ партиска хиерархија, Уставниот суд дефинитивно мора да го укине овој закон, за да не се применува на следните локални избори, вели Јовановски. Северна Македонија низ годините речиси целосно ги игнорираше сите препораки на ОБСЕ-ОДИХР за измените во Изборниот законик. Со последните измени во март 2024 година, овој закон обележа регрес и и покрај меѓународните предупредувања им го отежна кандидирањето на независните листи. Горјан Јовановски од независната листа „Зелен Хуман Град“ се надева дека Уставниот суд ќе го укине законот бидејќи земјата е на праг на локалните избори. Од Уставниот суд потврдија за Порталб дека расправата на која се очекува да се донесе одлука за оваа прашање ќе се одржи на 30 април, пишува Порталб.мк.

На 23 септември 2024 година ОБСЕ-ОДИХР објави вкупно 25 препораки за измени во Изборниот законик. Порталб анализираше колку од нив се спроведени. Само една од десетиците препораки е целосно спроведена, една препорака делумно, а кај една е регистриран регрес. Со измените во март 2024 година, целосно спроведено е само барањето за продолжување на роковите за пријавување и одлучување по изборните приговори и жалби, и тоа од 24 часа на 48 часа. Делумно исполнет е условот за обука и едукација на гласачите, бидејќи ДИК создаде неколку онлајн курсеви за ова, но сè уште не е создаден центар за континуирана едукација, како што е пропишано со закон. Регрес има кај член 61 и 62 од Изборниот законик, кои драстично го зголемија бројот на потписи потребни за независните листи, што се коси со 13-тата препорака на ОБСЕ- ОДИХР. „За понатамошно промовирање на плурализмот во регистрацијата на кандидатите, изборното законодавство треба да се ревидира за да се обезбеди можност за независните кандидатури“, се наведува во препораката на ОБСЕ.

   

Препораките што влијаат на финансирањето на политичките партии, кандидатите и медиумите се целосно игнорирани, а најголемите корисници и понатаму ќе бидат главните политички партии. Потсетуваме дека отворените листи се исто така долгогодишно барање, но досега ниту една од политичките партии не презела иницијатива за да го предложи ова. Полесно е да формираш политичка партија отколку да се кандидираш како независен кандидат Горјан Јовановски пред четири години откако собра 1.000 потписи успеа да се кандидира за советник во Градот Скопјe. За повторно да се кандидира во октомври 2025 година поради новите измени тој ќе треба да собере 1 процент од потписите од вкупниот број регистрирани гласачи во подрачјето каде што се кандидира. Јовановски за Порталб.мк вели дека на тој начин законот им оневозможил кандидирање на независните листи, бидејќи од нив се бара да соберат повеќе потписи од бројот на гласови потребни за да бидат избрани за советник. „Не само што се зголемува бројот на потребни потписи, особено во Скопје каде што од 1.000 се зголеми на 4.500 потписи и покрај фактот што предлозите што беа дадени од ОБСЕ-ОДИХР според кои ниту една измена на изборниот законик не треба на кој било начин да го попречи демократското учество на изборите на кој било кандидат, а ова практично го оневозможува учеството на независните листи, а од нас се бара да собереме многу повеќе потписи отколку што се потребни за формирање на една политичка партија“, вели Горјан Јовановски, општински советник во Градот Скопје.

Тој, заедно со неколку други независни иницијативи, надеж гледаат во Уставниот суд. „Ако сакаме да бидеме демократска држава и да имаме директна демократија каде што граѓаните ќе бидат вклучени без да мора да поминуваат низ партиска хиерархија, Уставниот суд дефинитивно мора да го укине овој закон, за да не се применува на следните локални избори“, рече Јовановски. Доколку ова не се случи, Јовановски вели дека ќе мора да се откажат од учеството на изборите, бидејќи според него, „ќе се создаде проблем што ќе спречи голем број независни листи да учествуваат на изборите и само традиционалните партии ќе се вратат во локалната самоуправа, нешто што се покажа како деструктивно иако независните листи имаат извонредно влијание во претставувањето на граѓаните“. Ако како симулација го земеме бројот на регистрирани гласачи во градот Скопје на локалните избори во 2021 година (467.373), тоа значи дека за да учествуваат на локалните избори независните кандидати за советници или градоначалници во главниот град мора да соберат најмалку 4.673 потписи од граѓаните, наместо 1.000 како што беше пред измените.

На 30 април се очекува Уставниот суд да ја донесе конечната одлука за (не)укинување на овие законски измени. Од Уставниот суд за Порталб потврдија дека расправата кога се очекува да се одлучи дали да се укинат или не измените на Изборниот законик оспорени од независните листи ќе се одржи на 30 април оваа година, и дека расправата и гласањето ќе бидат отворени за јавноста. Потсетуваме дека во февруари 2025 година, Уставниот суд со мнозинство гласови, донесе одлука и покрена постапка за оценување на уставноста на членовите 17 и 18 од измените на Изборниот законик, со кои се зголеми прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи кои планираат да учествуваат на изборите. Во тоа време претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, изјави дека судот се сомнева во уставноста на овие измени, бидејќи тие ги прекршиле фундаменталните вредности како што се владеењето на правото и политичкиот плурализам, како и принципот на еднаквост на граѓаните. Потсетуваме дека локалните избори се закажани за октомври 2025 година. На последните локални избори голем дел од независните иницијативи успеаја да ја обезбедат поддршката од граѓаните, со што обезбедија места во општинските совети. Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Јавен обвинител собрал докази за вештачење од местото на вооружената престрелка на Бит Пазар

Sase Ivanovski

Годинашните „Денови на Холандија“ посветени на 750 годишнината од основањето на Амстердам

Sase Ivanovski

Почина повредениот во вчерашната вооружена престрелка на Бит Пазар

Sase Ivanovski

Трамп и Зеленски разговараа во базиликата „Свети Петар“ пред погребот на папата Франциск

Sase Ivanovski

Што е Европскиот мировен фонд преку кој РСМ доби десетици милиони евра помош за Армијата?

Sase Ivanovski

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Секоја чест! Пожарникари од Германија донираа возило и опрема на колегите од Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: Нова димензија во интервентната кардиологија

Sase Ivanovski

Гери Андерсон, 23-годишен студент по архитектура, го создаде познатото лого за рециклирање во 1970 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Ракетна војна“ меѓу две цркви за Велигден на грчки остров

Sase Ivanovski

3 грешки при седење кои ја уништуваат вашата елеганција (и како да ги поправите)

Sase Ivanovski

Чудовиштето е подобро од…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Разликата меѓу фин дечко и добар дечко

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Направете ги овие 5 работи за да излезете од сиромаштија

Sase Ivanovski

Како се живее во Зрновци, најмалата општина во Македонија

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ И ТРАМП СО ФОТКА НА ДЕНОТ ОД НИВНАТА СРЕДБА ВО ВАТИКАН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дупка во асфалтот на улица „Христо Татарчев“ во Кисела Вода ги загрозува учесниците во сообраќајот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вештачката интелегенција го трансформира образованието и работната сила во Tајван

Sase Ivanovski

Почина Вирџинија Џуфре, која го обвини британскиот принц Ендру во скандалот со сексуална трговија со Епштајн

Sase Ivanovski

„Уметноста на договорот“ се среќава со глобалната реалност

Sase Ivanovski

Мицкоски од семинарот на ПИАЦ ,,Љубиша Георгиевски“: ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција, одиме на огромна победа на изборите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Од левичари и глумење скромност, до деловни објекти во центарот на Скопје и кафулиња со тераси, тоа е Левица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Бујар призна дека договарал со Бугарите со дозвола на СДС

Sase Ivanovski

Франциск е првиот папа кој ќе биде погребан надвор од Ватикан по повеќе од еден век

Sase Ivanovski

Потврдите за неосудуваност ќе се издаваат онлајн

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Меџити: Не ја прифатив понудата на ДУИ да го напуштам ВЛЕН, она што не го постигнаа со мене, го постигнаа со Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Меџити: Потполно им верувам на Касами, Ибрахими и Гаши – не обединува идејата!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАПА, PONTIFEX MAXIMUS – Оливер Шамбевски и Звонимир Јанкулоски во Стадион на Канал 77

Sase Ivanovski

Пред 17 години, Марк Цукерберг покани 5 луѓе во неговата соба во студентскиот дом на За што? Да зборуваме за бизнис можност

Sase Ivanovski

Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората – 2025

Sase Ivanovski

Во 1989 година, архитектот И.М. Пеи застана пред една од неговите најпознати креации, пирамидата Лувр во Париз

Sase Ivanovski

Чернобил сега е 47% помалку радиоактивен, благодарение на новоразвиената технологија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали сте го знаеле ова? Во Белгија даските за пеглање се користат како импровизирани маси за пијалоци на журка

Sase Ivanovski

Скопје има најголема мрежа на банкомати, ама во Шуто Оризари нема ниеден

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возачот кој со автомобил удри пешак во Скопје

Sase Ivanovski

Трамп немал време да ѝ купи роденденски подарок на Меланија

Sase Ivanovski

Добри вести за Србија: Ново одложување на санкциите за НИС

Sase Ivanovski

Строги правила за облекување на погребот на папата Франциск

Sase Ivanovski

КРИМ ОСТАНУВА НА РУСИЈА, СЛЕДУВА ЕКОНОМСКИ БУМ СО ЦАРИНИТЕ Трамп во големо интервју за „Тајм“

Sase Ivanovski

Водвиљ во Владата, а и околу неа

Sase Ivanovski

Трамп: Русија и Украина се „многу блиску до договор“

Sase Ivanovski

Меџити тврди дека прв имал понуда да го растури ВЛЕН: Ахмети ќе се пензионира

Sase Ivanovski

Обвинителите бараат смртна казна за Луиџи Манџоне, тој пред судот рече дека е невин

Sase Ivanovski

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Sase Ivanovski

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција, одиме на огромна победа на изборите

Sase Ivanovski

24-годишен возач удрил пешак во Охрид и избегал, но полицијата го пронашла

Sase Ivanovski

Муцунски е разочаран од Таравари: Не треба да соработуваме со оние што ја помагаат ДУИ

Sase Ivanovski

Атанасовски: Да доживеам и да видам во Македонија да се гонат и актуелни функционери

Sase Ivanovski

15 милиони евра од ЕУ за македонската армија

Sase Ivanovski

Синот на заменик директорот на ЦИА е убиен додека се борел за Русија

Sase Ivanovski

ИТАЛИЈА ДЕНЕС ГО ПРОСЛАВУВА ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО ОД ФАШИЗМОТ

Sase Ivanovski

Тошковски: Присуствував на 79-от роденден на Ловечката федерација на Македонија и отворањето на манифестацијата Денови на македонското ловство

Sase Ivanovski

ОН: За две недели во Дарфур убиени над 480 цивили

Sase Ivanovski

Поранешниот конгресмен Сантос осуден на седум години затвор за измами и кражба на донации

Sase Ivanovski

Муцунски: Заедно со мојот колега, министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ, денеска го посетивме Музејот на македонската револуционерна борба и присуствувавме на настап на Националниот џез оркестар

Sase Ivanovski

Најмалку 21 лице загинаа при израелски напад врз Појасот Газа

Sase Ivanovski

Погребот на папата можност за прва средба меѓу Фон дер Лајен и Трамп

Sase Ivanovski

Трамп: Украина и Русија се блиску до историски договор

Sase Ivanovski

Заменик министерот Велковски во средба со комесарот за човекови права на Советот на Европа О’Флаерти: Инклузијата на Ромите во фокусот

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова на погребот на Папата Франциск

Sase Ivanovski

Збогување со папата Франциско: Како ќе тече погребот

Sase Ivanovski

Мицкоски од семинарот на ПИАЦ ,,Љубиша Георгиевски“: ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција, одиме на огромна победа на изборите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Изет Меџити: На ДУИ не и се доволни девет партии, сега го бара и Таравари, но ВЛЕН ќе победи на локалните избори

Sase Ivanovski

Погребот на Папата најголемата безбедносна операција за италијанската полиција досега

Sase Ivanovski

Азири: Над 80 насто од Албанците се незадоволни од Владата!

Sase Ivanovski

Нападнат бил 76-годишен човек во Карпош

Sase Ivanovski

Облачно и нестабилно, можно е невреме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Македонската фудбалерка Андонова со прекрасен гол против Реал Мадрид

Sase Ivanovski

Маж му се заканувал со нож на девојче во центарот на Скопје

Sase Ivanovski

Трагедија во Хрватска – во страотен судир на пат загинаа две сестри кои оделе на свадба

Sase Ivanovski

Запечатен ковчегот на папата Франциск – 250.000 луѓе му оддадоа почит

Sase Ivanovski

Муцунски е разочаран од Таравари: Не треба да соработуваме со оние што ја помагаат ДУИ

Sase Ivanovski

24-годишен возач удрил пешак во Охрид и избегал, но полицијата го пронашла

Sase Ivanovski

Трамп до Путин по новите напади врз Киев: „Владимир, СТОП!“

Sase Ivanovski

По три месеци хаос во Вашингтон, политичката ракета на Илон Маск остана без гориво

Sase Ivanovski

Истрага за 19 годишник кој во Кисела Вода им нанел тешки повреди на две лица

Sase Ivanovski

Сè уште се чека да се раскинат концесиите за малите хидроцентрали во Маврово и на Шар Планина

Sase Ivanovski

ОАЕ ја укинуваат визата за државјаните на Северна Македонија, објави премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Руски офицер загина во експлозија на автомобил во Москва пред посетата на претставникот на Трамп

Sase Ivanovski
Вчитувам....