Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека воведувањето санкции против Русија ќе придонесе за војната во Украина уште две години и нагласи дека Соединетите Американски Држави не го сакаат тоа.
„Се обидуваме да го решиме руско-украинскиот конфликт дипломатски пред да прибегнеме кон нови санкции. Сè уште се надеваме дека овој обид ќе успее преку дипломатија и дека ќе успееме да ги зближиме конфликтните страни. Штом ќе почнете да воведувате нови санкции, тоа значи дека ги напуштате дипломатските напори“, рече Рубио во интервју за американската ТВ мрежа Ен-би-си Њуз.
Тој нагласи дека не постои друга земја, институција или организација во светот што може да ги приближи двете страни до решавање на конфликтот како САД, потсетувајќи дека само САД разговараат со двете страни.