Во интервју за БГ ОН ЕР, бугарската потпретседателка Илијана Јотова повтори дека е збунета од, како што кажа, тенденцијата на европските челници да говорат за двостран спор меѓу Македонија и Бугарија. Таа вели дека постои силен притисок за забрзано примање на нови земји – членки во Унијата. -Геополитичкиот притисок во моментот е на линија на забрзано примање на тие држави. Моето конкретно мислење е дека тоа може еден ден многу скапо да не чини, бидејќи ние говориме за долг процес на реформи, ако тој не постои во тие држави, значи тие ќе создадат дополнителни проблеми во самата ЕУ, кои и сега ги има многу изјави Илијана Јотова – Потпретседателка на Бугарија
Пораките на Јотова доаѓаат во исто време со посетата на претседателот на ЕС Антонио Кошта кој наредните три дена ќе биде во официјална посета на Бугарија. Тема на разговор ќе биде и европското проширување. -Претседателот Кошта и Премиерот Жељазков ќе дискутираат за актуелните прашања ќе разговараат за сегашните и идните случувања во неколку области, вклучувајќи ја европската одбрана и поддршката на ЕУ за Украина, конкурентноста, миграцијата и проширувањето – Европски Совет. Кошта кој во неколку наврати повтори дека проширувањето со западен Балкан е политички приоритет за Унијата, најави дека на средината на мај ќе дојде и во официјална посета на Македонија. Во истиот период се очекува земјава да ја посети и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата Каја Калас