СДС повторно дрско се обидува да ја злоупотреби болката на народот за своја политичка корист.
Тие што ја понижија Македонија, ја распродадоа државата и го згазија достоинството на граѓаните, денес сакаат да држат лекции за демократија. ВМРО-ДПМНЕ секогаш стоело и ќе стои на страната на правдата и на законите. Ние веруваме дека секој акт на насилство треба да биде санкциониран согласно Уставот и законите. Но, исто така веруваме дека неправдите, понижувањата и велепредавствата кои ги направи СДС кон државата и народот никогаш нема да бидат заборавени.
27 април нема да се заборави, но нема да се заборави ниту денот кога СДС ја предаде Македонија. Народниот револт, пак, на ваквите незапамтени предавства ќе остане запишан во аналите на македонската историја бидејќи, некој кој треба да ја брани Македонија, јавно потоа зборуваше дека поддржува кантонизација, федерализација, обезличување и понижување на Македонија.
Народот не заборава: – Како Филипче ги остави граѓаните без основно право на живот, во време на пандемија, со распаднат здравствен систем и недостиг на кислород. – Како Заев и неговите соучесници го продадоа македонскиот идентитет, јазикот, историјата и достоинството за лични интереси. – Како СДС ја претвори државата во криминален конгломерат, во кој се делеа грантови, позиции и тендери по партиска и клановска линија. – Како Министерството за култура се претвори во партиска каса за блиски уметници и партиски војници. – Како криминалот, корупцијата и рекетот станаа главна економска политика. СДС е партија која зад себе остави пепел од македонската држава, изневерени генерации, понижени граѓани и руинирани институции. Македонија не заборава.