Во Мелник, Бугарија, се одржал народен собир на кој присуствувале Македонци од Бугарија, во чест на Јане Сандански. На истиот биле присутни и припадниците на ОМО „Илинден – Пирин“, како и бројни гости од Македонија и од други земји во кои живеат нашите сонародници, како и Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците Драган Ковачки и Никола Мицевски.
На настанот по повод 110-годишнината од смртта на Сандански, настапила бугарската пејачка Василија Петрова, а бугарскиот електронски медиум Топпреса објави дека бугарската јавност е шокирана поради нејзиното учество и дека во Мелник се случило предавство. -Ја повикуваме Василија да се откаже од бугарското државјанство! На Бугарија не и требаат предавници кои јавно зборуваат за споменот на бугарските ревлуционери и нашата национална чест!
Таа настапи на настан против нејзината родна земја и пееше обвиткана со знамето на Северна Македонија и на Вергина, објави бугарскиот медиум. Веста за учеството на пејачката на собирот ја објавија и повеќе групи на социјалните мрежи, а голем број на Бугари реагираат дека на пејачката треба да и се одземе бугарското државјанство.
Се објавуваат и фотографии и видео снимки од настанот на кој се обратил Стојко Стојков, копретседател на ОМО „Илинден – Пирин“ и порачал дека Македонците треба да се брат за своите права, да ја сакаат Македонија, да не го мразат никој народ, туку да соработуваат со сите кои сакаат соработка.