Пратеничката на Левица – Јована Мојсоска во говорот по интерпелацијата на министерот за внатрешни, Панче Тошковски направи споредба со соседна Србија каде за слична трагедија цела влада се распушти, а „политичката одговорност, односно неодговорност“, како што рече, кај нас е сведена на тоа дури ни актуелниот директор на Пазарниот инспекторат да не е разрешен.
„За беспрекорноста на акцијата и скапиот пи ар на власта е доволно јасно што актуелните функционери кои се осомничени единствено се гонети поради јавен притисок. Токму премиерот Мицкоски два дена после трагедијата самоуверено изјави дека градоначалникот Папазов иако немал одговорност, се повлекол од морални причини. Дури откако јавноста бурно реагираше Папазов беше приведен. Истиот случај е и со актуелните директори на Дирекцијата за заштита за спасување, кои дури еден месец после трагедијата беа приведени, откако во неколку наврати и Левица реагираше“, истакна Мојсоска.