Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е отворен за соработка и за реформи, интерпелцијата е политички мотивирана, создавајќи дополнителна нестабилност со цел да го компромитираат спроведувањето на зпочнатите процеси. Наместо политичка хајка, министерот предлага широк консултативен процес со сите политички партии, стручната јавност и невладиниот сектор за унапредување на безбедносните стандарди. Вистинскиот пат кон подобрување е заедничко дејствување, а не персонални политички пресметки.
Трагедијата во Кочани, како и другите настани наведени во интерпелацијата, се користат за политички напади без почитување на етичките стандарди за почекање на резултатите од официјалните истраги. Со ваквиот пристап, се нанесува дополнителна болка на жртвите и нивните семејства, бидејќи трагичните настани се инструментализираат за создавање политичка вознемиреност.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ