Со тага ја пренесуваме веста дека на 54-годишна возраст ненадејно почина Николче Здравески, еден од најистакнатите фудбалери и спортски имиња поврзани со ФК Победа од Прилеп. Здравески останува запаметен како симбол на прилепскиот клуб каде ја носеше икапитенската лента кога Победа ја освои својата прва шампионска титула, а подоцна како тренер го водеше тимот и до втората, потврдувајќи ја својата посветеност кон клубот и фудбалот. Ќе остане запишан и по тоа што стоеше на чело на тимот за време на незаборавните натпревари против италијанска Парма во 2000 година, кога за противничкиот состав настапуваа имиња како Џанлуиџи Буфон, Фабио Канаваро, Лилијан Турам, Синиша Михајловиќ, Ернан Креспо и Славиша Јокановиќ.
Речиси целата своја играчка кариера ја мина во Победа, а и по завршувањето на активното играње, остана посветен на клубот, најпрво како тренер, а потоа и како координатор на младинската школа, вложувајќи се во новите генерации фудбалери. Здравески запиша и два настапи за македонската репрезентација, носејќи го дресот на националниот тим на натпревари против Албанија и Азербејџан.