За да обезбедиме стабилен електроенергетски систем за претстојниот празник 1 Мај, побарав од МЕПСО и РКЕ повторно да ги активираат мерките што веќе успешно ги применија за време на велигденските празници. Со претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, и заменик-директорот на МЕПСО, Александар Пауновски, одржавме вонреден состанок на кој се договоривме МЕПСО да може навремено да интервенира доколку е потребно – вклучително и со наизменично исклучување на дел од фотоволтаичните централи поврзани на преносната и дистрибутивната мрежа.
Овие мерки за првпат беа применети за Велигден – и покажаа резултат. Се спречи блек-аут и имавме непречено снабдување со струја. Состојбата во мрежата останува ризична, а наш приоритет е стабилноста и сигурноста во снабдувањето.
View this post on Instagram