Светскиот ден на медиумите традиционално се одбележува на 3 мај, посветувајќи го денот на медиумските работници и нивната пожртвувана работа посветена на пренесување на точни информации до граѓаните.
„Слободен печат“ направи анкета во која ги праша граѓаните дали им веруваат на новинарите, колку често испраќаат информации од терен до новинарите, какво мислење имаат за новинарството во Македонија и дали преферираат да се информираат преку весници и списанија или пак онлајн?
На прашањето дали граѓаните им веруваат на новинарите, анкетираните одговорија дека делумно им веруваат. -Па не им верувам на сите новинари, на 50 отсто од нив им верувам – рече еден случаен минувач.Додека пак, на прашањето какво мислење имаат општо за новинарството во Македонија, еден граѓанин одговори: -Има простор за подобрување, но сепак морам да признаам дека има и одредени групи на новинари во Македонија кои што многу сериозно си ја сфаќаат својата работа и се навистина за пофалба – рече тој.