Сончево и топло време со мала до умерена облачност е прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Главната фабрика за ширење лажни вести е СДСМ, што е причина за падот на Индексот на „Репортери без граници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Температурата наутро ќе биде од 4 до 10 Целзиусови степени, а во текот на денот од 17 до 28 степени.
И во Скопје за денеска се најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде 10, а дневната до 28 степени. За викендот се најавува сончево и топло време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура се очекува да достигне 30 степени. Од почетокот на новата седмица се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.