Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на проекти за вториот повик, соопшти премиерто Христијан Мицкоски. Тој додаде дека сега има 900 проекти или вкупно 1200 од двата повици заедно. Мицкоски тоа го нарече историска, вековна работа.
„Тоа се 1.200 градилишта во Македонија, тоа е историска, вековна работа и тоа го правиме за идните и денешните генерации кои заслужуваат подобри услови за живот. Ќе продолжиме да реализираме и во периодот што следи. Очекувајте многу убави вести следните неколку месеци за граѓаните и државата зашто добро е да се гради, за тоа не избраа граѓаните, истакна Мицкоски кој заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински и министерот за животна средина е во работна посета на Кавадарци. Во вториот јавен повик беа предвидени и ставени на располагање до 15 милијарди денари за капитални и инфраструктурни проекти. Мицкоски рече дека во следните месеци ќе објави убави вести за македонската економија и за граѓаните.