Ова е сликата на прилепското секојдневие, како краен резултат од лошото функционирање на ЈКП „Комуналец“. Поскапените комунални услуги од 67 отсто не влијаеја ниту врз подобрување на хигиената во градот, ниту врз финансиската состојба на претпријатието. Прилеп никогаш не бил повалкан, а загубите на „Комуналец“ ја достигнаа сумата од 600.000 евра. За 4 години раководење со јавното претпријатие, кадрите на ДПМНЕ не успеаја ниту да го обноват застарениот возен парк, ниту да воспостават ефикасен систем за чистење на улиците и јавните површини и подигање на сметот. Во буквална смисла на зборот, „Комуналец“ забрзано пропаѓа. Дополнителен проблем претставува состојбата во царинскиот Терминал.
Вработените 8 месеци не зеле плата, доскорешниот раководител на Терминалот ја напушти фирмата оставајќи ја во долгови, а негов заменик сеуште не е именуван. Сето тоа предизвика сериозни проблеми во нормалното функционирање на прилепското стопанство. Фирмите кои вршат увоз и извоз на стока не можат да ја царинат робата, заради што се принудени да одат во други царински испостави и секојдневно да прават загуби.
Почитувани сограѓани, „Комуналец“ е лика и прилика на катастрофалната состојба во која ДПМНЕ ги донесе сите јавни комунални претпријатија, вклучувајќи ја и Општина Прилеп. Едно е сигурно – ваква локална власт, ваков градоначалник и директори на јавни претпријатија, Прилеп и прилепчани не заслужија!