Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 115 прекршоци се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 42 мерки за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 37 лица кои не користеле сигурносен појас, изречени се 10 мерки за возачи на мотоцикл за неносење заштитна кацига како и седум санкции за возачи кои што говореле на мобилен телефон при возење.
Исто така а согласно Законот за возила, 24 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а четири возила заради техничка неисправност. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.