Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, смета дека тоа што родителите на загинатите во трагедијата во Кочани не дошле случајно да протестираат во Скопје на денот на кој Собранието расправаше за интерпелацијата за неговата работа. Тошковски вели дека луѓето биле „организирани“ да одржат протест во Скопје тој ден, од страна на „опозицијата“, без да прецизира кој точно од опозицијата ги организирал.
Министерот вчеравечер во гостување на „Алфа“ рече дека „се срами што е дел од општество во кое опозиција сака на сметка на солзи на родители кои изгубиле чедо, да добие лајк на Фејсбук“.
„Навистина, јасно е сето она коешто го направија. Па, гледаат луѓето. Секој еден Македонец кој што го следеше оној ден со интерпелацијата… Што сакаат, да веруваат дека не случајно ги организираа луѓето да дојдат на денот на интерпелацијата, а дел од тие луѓе не знаеа дека има интерпелација за министер за внатрешни работи? Не случајно имаше списоци кај одредени луѓе коишто поставуваа одредени прашања, кои беа поставувани како што беа поставувани. Јас не знам каде ќе им оди душата на овие… ништо не можам да кажам друго освен политички лешинари, со овие дејства кои очигледно ги преземаа?“, рече Тошковски.