Ентони Албанезе обезбеди втор мандат како премиер на Австралија во следните три години, според првичните резултати од парламентарните избори одржани денеска. Засега Лабуристичката партија освои 76 пратенички места во Претставничкиот дом, и го победи лидерот на Либералите кој освои 36 од вкупно 150 места. Тој е познат по своите прогресивни политики за социјална правда, климатски промени и достапно домување, пренесе „Би-би-си“. Oпозицискиот лидер Питер Датон кој се надеваше изборите да ги круниса со победа јавно призна пораз, и му упати честитки на Албанезе.
„Не се носевме доволно добро за време на оваа кампања, тоа е очигледно вечерва и јас ја прифаќам целоснo одговорностa за тоа. Претходно, му се јавив на премиерот за да му честитам за неговиот успех вечерва. Ова е историски момент за Лабуристичката партија и ние го признаваме тоа“ изјав Питер Датон, лидер на Либерална партија. Граѓаните на Австралија имаат законска обврска да гласаат на избори, а ако не го остварат својот глас ќе добијат казна од 20 австралиски долари. Скоро сите гласачки места беа полни, а многумина од гласачите велат дека според нив главните проблеми кои треба да се решат се трошоците за живот и домување, социјалните политики и прашањата за климатските промени.
„Мислам дека главниот проблем за мене би бил кризата со трошоците за живот, само се обидувам да се осигурам дека секојдневните работи се сè уште достапни“ вели жителка на Австралија. „Веројатно како млад човек кој работи, трошоците за домување“ додава австралиска жителка. „Се надевам дека ќе има промена, но дека ќе биде добра промена“ потенцира австралиски гласач. Изборите се одржуваат во време кое двете политички партии го опишаа како период во кој високите трошоци на живот се во фокусот. Годишната инфлација во Австралија достигна врв од 7,8 отсто. Додека цените на становите и кириите исто така скокнаа, поради високите царини воведени од САД. Во предизборниот период Либералите ветија дека ќе изгради седум нуклеарни централи финансирани од владата низ цела Австралија, кои би произведувале електрична енергија, додека Лабуристите ветија дека енергетската мрежа на Австралија ќе се напојува од обновливи извори.