Двајца мажи, татко и син, на 1 мај околу пладне ја нападнале вонбрачната партнерка на синот, по што таа пријавила во полиција, соопшти МВР.
„На 02.05.2025 година во 13:00 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена од Скопје пријавила дека на 01.05.2025 околу 12.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер С.А. и неговиот татко С.А., кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави“, пишува во полицискиот билтен.