Со особено задоволство сакам да Ве информирам дека општина Гази Баба во рамките на Јавниот повик за финансирање на инфраструктурни проекти од Владата на Република Македонија добива историски 9 милиони евра. Со овие средства ќе се реализираат следните проекти:
Изградба на нова детска градинка помеѓу Маџари и Керамидница; Изградба на нова училишна спортска сала за ООУ Григор Прличев во Железара; Изградба на фекалната канализација во населено место Јурумлери; Изградба на фекална канализација за населените места Идризово и Дрма; Доградба на општинско основно училиште Крум Тошев во Трубарево; Изградба на атмосферска канализација за улиците Гемиџиска и Филип Филиповиќ во Железара; Реконструкција на улица Петре Филиповски Гарката во Триангла; Изградба на пристапниот пат кон гробиштата Камник; Реконструкција на улица Палмиро Тољати во Ченто; Реконструкција на улица 519 во Керамидница; Реконструкција на улица Жан Жорес од Кино Маџари до надвозникот кај ООУ Наум Наумовски Борче; Изградба на улица Париска комуна во Хиподром; Изградба на улицата Ордан Поп Јорданов во Маџари; Изградба на улица 22 во Сингелиќ; Изградба на улица 30 во Чукур Маало, Трубарево; Изградба на улица 2 во Железара;
За сите овие проекти е изготвена целокупната документација и за истите по завршување на постапката во Владата, веднаш ќе отпочне постапка за избор на економски оператор за реализација на градежните активности. Гази Баба прераснува во едно големо градилиште. Упатувам јавна благодарност до премиерот без чија визија, општините низ цела Македонија уште долги години ќе беа заглавени во децениски проблеми. Благодарност до општинската администрација и моите соработници со кои изминатиот период работевме по 12 часа во текот на денот се со цел да ја подготвиме потребната документација за реализацијата на овие проекти. Гази Баба го живее најдоброто време во својата историја! За граѓаните, продолжуваме